Долго во натпреварот Алкалоид беше во егал или во блага негатива, во подредена позиција и немаше решение за нападот на гостите, но беше неверојатно трпелив и упорен, барајќи решение, чекајќи ги Галец и Кизо да „пипнат“ топка, да ѝ помогнат на зоната, која беше постојано во ситуација на минус еден играч, благодарение на формацијата 7-6 на Мирхол. Novamakedonija
Од друга страна, Мирхол имаше проблем со зоната на домаќинот, која флуктуираше од 5-1 со Стојковиќ и Џонов како предни до 6-0 и назад, но во одредена мера немаше проблем со голманите на Алкалоид, кои долго време не „пипнаа“ топка.
Сакајќи да ја спушти зоната на Лазаров и да му даде можност на Рамбо да решава од девет метри или да решаваат одличните пивоти, на асистенција на бековите, Мирхол посегна по формација 7-6, за која Лазаров долго време немаше решение. Novamakedonija
Алкалоид повторно играше подобро на поставен напад, тактички подобро подготвен, одлично користи транзиција и му трча во грб на противникот, но нема(ше) играч како Фитиљ на своја страна, за да може „да прошета“ низ Битола.
Убеден сум во тоа. Novamakedonija