Двократниот европски шампион Вардар вечерва оствари исклучително важна победа во Битола, која може да му донесе шампионска титула во домашното првенство, прва по пауза од три години.
„Црвено-црните“ го совладаа бранителот на титулата Пелистер со гол во последната секунда и се во одлична ситуација во пресрет на вториот круг од плејофот. Sport1
Ракометарите на Вардар забележаа огромен чекор кон титулата во Суперлигата откако на гостувањето против Е. Пелистер во Битола во една од клучните пресметки во борбата за шампионската титула славеа во повеќе од драматичен меч со 34-35, благодарение на голот на Хориха во последната секунда од средбата! Ekipa