Од првиот ден говореше за Црква за сиромашни, за општество што се грижи за ранливите и маргинализираните, понижените и обесправени, за свет кој мора да тежнее кон помирување, наместо на поделби.
По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.
Папата Франциск, досегашниот поглавар на Римокатоличката црква, ќе биде погребан денеска.
Ѕвоната на плоштадот свети Петар за последен пат биеја за папата Франциск.