Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија од Клиничка болница-Штип.
Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.
Доцна вечерва имало пукање во центарот на Штип, а неофицијално едно лице се бори за живот.
По преземени активности и мерки, вклучително и употреба на дрон, полицијата во близина на наплатната станица Миладиновци го уапси К. К. (21) од Република Турција, осомничен за вчерашното убиство во Штип, како и А. Х. (22), Т. М. (22), О. М. (29) и А. О. (28), сите од Република Турција, поради основано сомневање дека му помогнале на К. К. да избега од местото на злосторството, известија од Министерството за внатрешни работи.