Васил Јованов е осуден на 12 години за прегазувањето на младата Фросина Кулакова, изрече денеска судијата во Кривичниот суд.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
По изрекувањето на пресудата за Васил Јованов од 12 години затвор за тоа што ја прегази и ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизански одреди“ во Скопје, на пешачки премин, пијан, со пребрзо возење и без воопшто да има возачка дозвола, таткото на загинатата ја напушти судницата уште пред да биде дочитана пресудата.