Опозициската партија СДСМ не е запознаена со детали за договорот со Велика Британија.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.
Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.„Министерката за финансии нема одговор на овие прашања.
„Да се задолжи земјата 6 милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално “, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во синоќешната средба со членството во Гостивар.