Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на минатата недела спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, а во еден случај запленети се 30 илјади евра, соопштија денеска од Царинската управа.
Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронајдоа дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево, како и во цевката во долниот дел од цистерната.