Барселона го договори младиот голман Жоан Гарсија, кој треба да биде прв чувар на мрежата на шпанскиот шампион од следната сезона, а тоа значи дека Марк-Андре Тер Штеген ќе мора да го напушти гигантот.
Сосема неочекувано Барселона си создаде огромен проблем откако Марк Андре Тер Штеген тргна во војна со управата на каталонскиот клуб, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да си замине до истекот на договорот (јуни 2028 година). Германецот беше прв голман до тешката повреда, неодамна се врати на терените, но и самиот остана шокиран кога каталонците на самиот почеток од преодниот рок се решија да доведат нов голман, Хоан Гарсија од Еспањол.