Неколку ракометари со голем потенцијал и за клубот и за сениорската репрезентација доаѓаат следната сезона во клубот и заедно почнуваме нова мисија што ќе биде исполнета со предизвици, на клупско и на репрезентативно ниво, на домашната и на меѓународната сезона, велат од клубот што годинава триумфира во Европскиот куп Алкалоид останува на својата определба и во следната сезона да биде клуб составен во најголем дел од македонски ракометари, кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена.
Освојувачот на Европскиот куп на ЕХФ, Алкалоид, само еден ден по официјалното завршување на сезоната се пофали седум нови ракометари за следната сезона.