Во интервју за Раша тудеј, Медински рече дека може да се случи нуклеарна војна ако конфликтот во Украина престане без да се склучи вистински мир, бидејќи, според него, Киев и НАТО ќе се обидат да ги вратат новите територии на Руската Федерација, пренесува ТАСС.„Ако го запреме конфликтот по линијата на фронтот и не се договориме за вистински мир, туку само склучиме некаков вид примирје, тогаш ова ќе биде – знаете, имаше спорен регион меѓу Ерменија и Азербејџан, Карабах – тогаш овој регион ќе се претвори во огромен Карабах“, рече Медински, кој е шеф на руската делегација на разговорите со украинската страна.
Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, денес изјави дека ако Киев и НАТО се обидат да ги вратат новите региони на Руската Федерација, ќе има нуклеарна војна.