Иран им соопштил на посредници од Оман и Катар дека Техеран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади, изјавија извори директно запознаени со разговорите.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.
Засега борбите меѓу Израел и Иран изгледаат ограничени на двете земји.
По екслацијата на конфликтот со Израел, иранските власти вчера се заканија со лансирање на ракетата „Хаибар“, со драматично предупредување: „Светот ќе биде шокиран од она што ќе го види“.