Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години забележа нов пораз на Европското првенство кое што се игра во Црна Гора. Ekipa
Во последниот меч од групата за разигрување од 12 до 24 место нашите девојки беа убедливо поразени од Исланд со 48-26. Дона Тодоровска со шест гола беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Аштилдур Порхалсдотир го заврши натпреварот со неверојатни 18 погодоци.
Со овој пораз Македонија до крајот на шампионатот ќе разигрува од 19. до 24. место. Ekipa