1 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Jan 17:15 -> 05-Jan 21:11
.
.
.
.

Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието

  • Сиљановска Давкова смета дека одредбите за двојазични документи од законот за заштита на децата се спорни

По непотпишувањето на Указот на Законот за заштита на децата од страна на претседателката на државата вечерва од Владата во изјава за МИА информираа дека Законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 31 декември 2024 година испратила известување до претседателот на Собранието Африм Гаши дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките.

7 (44) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Jan 10:14 -> 05-Jan 19:18
.
.
.
.

Обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа чија заслуга е изградбата на патот Страцин -Крива Паланка

  • Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

  • (ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ, горди сме што е завршен

  • Пуштен во употреба експресниот пат Страцин-Крива Паланка, дел од Коридорот 8

По вчерашното пуштање во употреба на експресниот пат Страцин-Крива Паланка, денеска продолжија препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа чија заслуга е изградбата на овој патен правец.

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.

„Со гордост ја споделуваме веста за завршување на експресниот пат Страцин – Крива Паланка.

Од денеска ќе се вози по новиот експресен пат од Страцин кај Куманово до Крива Паланка...

12 (35) ■ вести > балкан > регион ■ 03-Jan 00:04 -> 05-Jan 19:21
.
.
.
.

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Цетиње

  • Комеморација на Цетиње, загубата на 12 животи остави празнина во срцата

  • ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО СРБИЈА: Поради убиствата во Цетиње во јужна Црна Гора српската влада го прогласи 5 јануари како ден на општа жалост

  • Црна Гора на трето место во светот по бројот на парчиња оружје поседувано од граѓаните

Во Србија денеска е Ден на жалост поради убиството на 12 лица и ранувањето на четири лица во градот Цетиње, во јужна Црна Гора.

По повод масакрот што се случи во Цетиње на 1. јануари, денеска во Владиниот дом се одржа комеморативна седница за жртвите.

Во Србија денеска е Ден на жалост поради убиството на 12 лица и ранувањето на четири лица во градот Цетиње, во јужна Црна Гора.

Црна Гора е на трето место во светот по бројот на парчиња оружје кое се наоѓа кај граѓаните, изјави потпретседателот на Независниот полициски синдикат на Црна Гора, Ѓорѓије Вукиќевиќ, пренесе МИА.

14 (10) ■ вести > македонија ■ 05-Jan 10:54 -> 05-Jan 14:05
.
.
.
.

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник

  • Бадникови Поворки и свечен собир; утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации, известуваат од СВР Скопје.

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.01.2025 (понеделник) по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација, информираат од МВР.

Повеќе од
оваа категорија

26 (25) ■ спорт > фудбал ■ 03-Jan 08:33 -> 05-Jan 20:38
.
.
.
.

Агентот на Олмо уверува: Дани е под стрес, но не размислува на ништо друго освен на Барселона

  • Барселона ги има парите на сметка, сега сѐ е на Ла Лига

  • Барселона на суд ќе бара регистрација за Олмо и Виктор

Барселона е сигурна дека ќе успее да го регистрира Дани Олмо.

Фудбалскиот клуб Барселона ги исполни условите што ги постави Ла Лига и денеска ги доби последните пари од продажбата на ВИП местата на Камп Ноу.

Фудбалскиот клуб Барселона ќе поднесе барање преку шпанското државно регулаторно тело за спорт за дозвола за Дани Олмо и Пау Виктор да продолжат да играат за каталонскиот клуб, откако нивните регистрации беа одземени, изјави во саботата менаџерот на Барселона . „Ќе поднесеме жалба до Вишиот совет за спорт (CSD)“, потврди во телефонска изјава за хрватската новинска агенија Hina, портпаролот на каталонскиот клуб Ксавиер Серано.

28 (26) ■ спорт > фудбал ■ 03-Jan 22:00 -> 05-Jan 17:51
.
.
.
.

Винисиус откако збесна и го нападна Димитриевски – се извини! (Видео)

  • Реал Мадрид ТВ претера: „Ова е одвратно, клубот веднаш да се повлече од лигата“

  • ЌЕ БИДЕ СУСПЕНДИРАН 12 НАТПРЕВАРИ? Агресивниот Винисиус се извини за инцидентот со Димитриевски

Фудбалерите на Валенсија и Реал Мадрид вчера на „Месталја“ го одиграа заостанатиот натпревар од 12. коло на Ла Лига.

ТВ имаше навистина неверојатни испади за време на натпреварот на „Местаља“ и по црвениот картон на побараа повлекување од лигата.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1). Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите.

Повеќе од
оваа категорија

45 (4) ■ бизнис > македонија ■ 05-Jan 14:05 -> 05-Jan 16:44
.
.
.
.

Се кројат лозјата во Тиквешко

  • СЕ КРОЈАТ ЛОЗЈАТА И ПРЕД СВ. ТРИФУН: За Бадник и Божик ќе паузираме, па повторно ќе продолжиме, велат тиквешките лозари

Лозарите кројат и пред верскиот празник „Свети Трифун“ Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите кројат и пред верскиот празник „Свети Трифун“, што е во февруари месец и се смета за заштитник на производителите на грозје, со резидба порано започнаа оние кои имаат поголеми плантажи со винови лози, па не можат да чекаат, оти ако чекаат, нема навреме да ја завршат оваа операција.

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите кројат и пред верскиот празник „Свети Трифун“, што е во февруари месец и се смета за заштитник на производителите на грозје, со резидба порано започнаа оние кои имаат поголеми плантажи со винови лози, па не можат да чекаат, оти ако чекаат, нема навреме да ја завршат оваа операција.

119 (7) ■ бизнис > економија ■ 03-Jan 09:25 -> 04-Jan 13:05
.
.
.
.

Токио: Одлуката на Бајден да ја блокира продажбата на „Ју-Ес Стил“ на јапонскиот „Нипон Стил“ е неразбирлива

  • МУТО: Погрешна и несфатлива е одлуката на Џо Бајден да ја блокира продажбата на  Ју-Ес Стил на јапонската компанија Нипон Стил

Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија, Јоџи Муто, ја оцени како погрешна и несфатлива одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ја блокира продажбата на Ју-Ес Стил (US Steel) на јапонската компанија Нипон Стил (Nippon Steel). Муто рече дека сега постои загриженост за иднината на инвестициите меѓу САД и Јапонија, објави јапонската телевизија НХК.

Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија, Јоџи Муто, ја оцени како погрешна и несфатлива одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ја блокира продажбата на Ју-Ес Стил (US Steel) на јапонската компанија Нипон Стил (Nippon Steel). Муто рече дека сега постои загриженост за иднината на инвестициите меѓу САД и Јапонија, објави јапонската телевизија НХК.

154 (4) ■ бизнис > економија ■ 03-Jan 13:54 -> 03-Jan 18:28
.
.
.
.

Од месец март линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

  • МИЦКОСКИ СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Обезбедени се средства за линеарното зголемување, во април на сметките ќе им легнат плус 2.500 денари

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.