Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Јас загинав на 27-ми. Тоа што остана е ехо од човек од мене, чувствувам болка која не може да се објасни.
Љупчо Палевски Палчо и останатите обвинети за убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски – Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски рекоа дека не се чувствуваат виновни.