1 (7) ■ вести > македонија ■ 22-Sep 14:13 -> 22-Sep 15:01
.
.
.

Се запали угостителски објект во центарот на Охрид

  • Пожар избувна во угостителски објект во Охрид

Се запали угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад.

Попладнево во Охрид на самиот Градски плоштад избувна пожар во угостителски објект.

6 (12) ■ вести > култура > политика ■ 20-Sep 15:58 -> 22-Sep 13:41
.
.
.
.

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

  • Љутков: Македонската култура и јазик живеат во Словенија благодарение на трајните пријателства

Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, беше промовиран вчера, сабота, 21 септември 2024 година, во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов.

10 (98) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 21-Sep 17:45
.
.
.
.

Палчо и останатите обвинети кажаа дека не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Мајката на Вања бара исклучување на јавноста од цела судска расправа

  • Палчо: Се откажувам од сведочење на мајката, за да не ја вознемируваме

Љупчо Палевски Палчо и останатите обвинети за убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски – Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски рекоа дека не се чувствуваат виновни.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, пренесе . Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска барањето го поднесе до судот.

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи.

11 (30) ■ вести > македонија ■ 21-Sep 09:30 -> 22-Sep 15:00
.
.
.
.

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси

  • Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк

  • Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк, неизвесно усвојувањето на Пактот за иднината

  • Сиљановска Давкова на литургија во црква во Њу Џерси за празникот Мала Богородица

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на литургија во црквата Свети Никола во Њу Џерси, САД, по повод празникот Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

68 (11) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 12:13 -> 20-Sep 13:00
.
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ВО ЈУЛИ ИЗНЕСУВА 40.961 ДЕНАР Повисока е од ланскиот јули за 12,9%, но е пониска од јунската

  • Просечната нето плата во јули 40.961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 12,9% повисока од истиот месец лани но е пониска за 2,3 % во однос на јунската плата годинава, соопшти Реалниот пораст на нето-платата јули 2024 – јули 2023 година изнесува 9,6% Зголемувањето на просечната нето-платата во однос на ланскиот јули се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: oбразование (19,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,7 %). Податоците на статистика покажуваат дека нето-платата во јули во однос на јуни годинава се намалила за 978 денари или за 2,3%. Намалувањето главно е поради намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9 %), административни и помошни услужни дејности (5,6 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61,569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 %.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

159 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

190 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 20-Sep 11:15 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

„10 ГОДИНИ БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС“ Азески ќе говори на Бизнис-форумот во Германија

  • ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес – Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ”, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес - Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ“, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.

162 (5) ■ сцена > култура ■ 20-Sep 09:20 -> 21-Sep 15:57
.
.
.
.

Стефан Миленковиќ: Не верувам во талент, верувам во работа, дисциплина и во доследност

  • Два биса за Стефан Миленковиќ со „Профундис“: Скопје уживаше во безвременска концертна магија

Не верувам во талент, верувам во работа, дисциплина и во доследност, вели српскиот виртуоз на виолина со светско реноме, познат во минатото како чудо од дете- Стефан Миленковиќ . Тој синоќа во Македонската филхармонија одржа концерт со нашиот камерен оркестар Профундис и ја освои публиката со техничката прецизност и вештини при изведбата на популарни дела од 19 век, за кои доби френетични аплаузи, а на крајот присутните не го пуштија да си замине без два биса, на кои соло свиреше дела од Бах.

Скопје, синоќа, во големата преполна сала на Филхармонија, ја имаше честа да го види, да го слушне и да ужива во виртуозното музицирање преполно со емоции на српскиот виолинист од светски ранг, Стефан Миленковиќ, во вториот дел од тешката програма ( П. И. Чајковски, Н. Паганини, К. Сен-Санс, Ж. Масне, А. Бацини и П. Сарасате) заедно со камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје.