1 (55) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 10:01 -> 14-Nov 20:00
.
.
.
.

Се прави увид пред куќата на Штекли

  • Увид на местото каде беше фрлена експлозивна направа во Керамидница

  • Фрлен експлозив во двор на куќа во Керамидница, едно лице повредено

  • Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО

Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Денеска во 09.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.

Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, предизвика сериозна вознемиреност, бидејќи го повреди Раде Трајковски – Штекли, кој беше пренесен во болница.

2 (49) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 11:00 -> 14-Nov 21:12
.
.
.
.

Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

  • МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

  • Тошковски за случајот во Керамидница: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот

  • Тошковски очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

3 (127) ■ вести > свет ■ 12-Nov 07:30 -> 14-Nov 20:14
.
.
.
.

Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон

  • Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

  • Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

  • Маск доби позиција во администрацијата на Трамп

Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа за прв пат по победата на минатонеделните избори и седна со долгогодишниот политички ривал, претседател Џо Бајден, на разговори за претстојниот трансфер на власта.

Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

7 (83) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 07:31 -> 14-Nov 16:48
.
.
.
.

За опозицијата, Предлог-буџетот е неразвоен, скратени се средства за енергетиката ....

  • Информацијата за именувањето на директорот на АНБ на дневен ред на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР

  • (ВИДЕО) Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра

  • ▷ Прекината седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР

Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план.

Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.

Собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која првично беше како единствена точка на дневен ред ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред.

8 (7) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 18:29 -> 14-Nov 20:11
.
.
.
.

Кривична пријава за поранешен директор на Комунална чистота

  • Кривична пријава за екс директорот на ЈП “Комунална чистота”- Богданци

Поднесена кривича пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Р.П. поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци.

Денеска (14.11.2024) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против Р.П., поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци, затоа што : во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие, со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори, односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП “Комунална чистота“ Богданци, направени од страна на физички и правни лица од општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП “Комунална чистота“ Богданци.

10 (6) ■ вести > здравје ■ 14-Nov 17:18 -> 14-Nov 20:23
.
.
.
.

Вишокот килограми и лошата исхрана го земаат данокот – Македонија е меѓу земјите со најголема предоминантност на дијабетес во светот

  • Скоро половина од Македонците живеат со зголемена телесна тежина и лоша исхрана, ризик фактори за дијабетес

Речиси половина од населението во земјава живее со зголемена телесна маса, има лоши навики во исхраната и намалена физичка активност, што се главни ризик фактори кои доведуваат до појава на дијабетес, а кога станува збор за оваа болест Македонија има една од најголемите преваленции во светски рамки.

Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември.

13 (46) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 11:44 -> 14-Nov 19:51
.
.
.
.

Таравари му порача на Ахмети да се адаптира и да се реформира

  • ДУИ: Предлог-буџетот не е развоен и демократски

  • Ахмети се закани дека сите Албанци ќе се кренат на нозе ако се допре албанскиот јазик

  • Мицкоски: Али Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат фактор на нестабилност

Ахмети нека се адаптира и нека се реформира, му порача министерот за здравство Арбен Таравари на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Пораката на Таравари доаѓа како одговор на барањето на ДУИ идната година да има предвремени парламентарни избори што би се одржале заедно со локалните.

Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Фатон Ахмети на денешната прес-конференција истакна дека Предлог-Буџетот за 2025 година не е развоен и демократски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети се закани дека сите Албанци ќе се кренат на нозе ако се чепне албанскиот јазик и порача дека по никоја цена нема да толерираат да се уништат достигнувањата што ги постигнале со многу крв.

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

14 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 11:10 -> 14-Nov 19:12
.
.
.
.

Таткото го застрелал синот - Пресврт во случајот со починатиот ловџија од Конче

  • Застрелал човек со кој бил на лов: кривична пријава за убиство од небрежност

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода Т.К.(54) од с .Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ. Имено, на 04.11.2024, Т.К., заедно со И.К.(31) од с .Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот.

Приведен Т.К.(54) од с. Дедино, општина Конче, под сомнение дека, при лов на дивеч, со ловна пушка го застрелал И.К.(31), кој починал на самото место.

Повеќе од
оваа категорија

49 (7) ■ спорт > мои пари ■ 14-Nov 11:53 -> 14-Nov 16:52
.
.
.
.

Ракометната федерација ги исплати наградите за националните селекции

  • РФМ богато ќе ги награди националните селекции кои се пласираа на континтенталните натпреварувања

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од : – 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ; – 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ; – 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ; Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови.

Ракометната Федерација на Македонија богато ќе ги награди националните селекции кои успеаа да обезбедат пласман на континенталните натпреварувања.

Повеќе од
оваа категорија

30 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-Nov 11:22 -> 14-Nov 15:53
.
.
.
.

Мицкоски: Со потпишувањето на меморандумот меѓу ЕСМ и СОКАР треба да добиеме пониска цена на природниот гас

  • Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Потпишувањето меморандум за разбирање меѓу АД ЕСМ и азербејџански СОКАР е навистина фантастична вест и е нешто позитивно за нас како држава, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.

216 (4) ■ бизнис > економија ■ 12-Nov 13:03 -> 14-Nov 20:48
.
.
.
.

Бектеши: Со укинувањето на балансерот се забранува изразувањето етничка припадност во државава

  • БЕКТЕШИ: Mинималната плата треба да биде од 450 до 500 евра, и во јавниот и во приватниот сектор

Со укинувањето на „балансерот“ се забранува и изразувањето на етничакта припадност во нашата држава, инсистираше поранешниот министер за економија и функционер на ДУИ, Крешник Бектеши во вечерашното издание на Вин Вин на Телма, израмнувајќи ја одлуката за укинување на овој контроверзен механизам со ускратување на едно од основните човекови права.

Eкс министерот за економија Крешник Бектеши во „Дејли Клик“ на изјави дека дополнително треба да се зголеми минималната плата која, како што вели, треба да биде од 450 до 500 евра, и во јавниот и во приватниот сектор.