1 (110) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Sep 10:10 -> 19-Sep 22:13
.
.
.
.

Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

  • Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

На денешните средби со претставниците на ЕУ ја афирмиравме посветеноста на новата Влада за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

9 (12) ■ вести > македонија ■ 18-Sep 08:30 -> 19-Sep 17:37
.
.
.
.

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

  • Ако сте ги купиле овие колачи, не ги јадете: АХВ повлекува повеќе производи од продавниците

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи какао перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, потврдија за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Повеќе од
оваа категорија

33 (7) ■ спорт > кошарка ■ 19-Sep 15:48 -> 19-Sep 17:29
.
.
.
.

Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија

  • Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Повеќе од
оваа категорија