Со пиштол калибар од 9 милиметри и преку перниче обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска, се наведува во обвинението за убиството на 14-годишната девојка за кое судскиот процес почна денеска.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, пренесе . Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска барањето го поднесе до судот.
Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа.