1 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Sep 18:13 -> 20-Sep 09:41
.
.
.
.

ВРЕДИ: Замрзнатиот балансер е уште еден пораз на ДУИ

  • Коалиција „Вреди“: Балансерот е неефикасен концепт бидејќи стана алатка за злоупотреби

Зијадин Села, по налог на Али Ахмети два дена се обидува да го прикри нивниот пораз.

Зиадин Села, по налог на Али Ахмети два дена се обидува да го прикри нивниот пораз.

3 (4) ■ вести > свет ■ 20-Sep 07:37 -> 20-Sep 09:43
.
.

Поранешен мексикански министер оди во доживотен затвор поради земање мито од картелите со кои требал да се бори

  • Поранешен министер во Мексико му се заканува затвор поради соработка со наркокартели

Џенаро Гарсија Луна, кој со години ја водеше борбата на Мексико против насилната трговија со дрога во таа земја, треба да го помине остатокот од својот живот во затвор откако примил мито за да ги заштити картелите со кои требаше да се бори, соопшти американското Министерство за правда.

Џенаро Гарсија Луна, кој со години ја водеше борбата на Мексико против насилната трговија со дрога во земјата, треба да го помине остатокот од својот живот во затвор откако примил мито за да ги заштити картелите со кои требаше да се бори, соопшти американското Министерство за правда.

5 (107) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Sep 10:10 -> 20-Sep 09:23
.
.
.
.

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не можеме да прифаќаме, критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

  • Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси.

12 (45) ■ вести > свет ■ 18-Sep 08:00 -> 20-Sep 09:37
.
.
.
.

Израел изврши серија напади врз Либан

  • Израел стои зад смртоносните експлозии на пејџери што беа насочени кон Хезболах и ранија илјадници во Либан

  • Две деца се меѓу загинатите од експлозии на пејџери во Либан

  • Иран го обвини Израел за терористички напад врз Либан со експлозија на пејџери, Хезболах ветува одмазда

Израелски борбени авиони синоќа бомбардираа цели на Хезболах во јужен Либан и погодија стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија.

Хезболах вети дека ќе одговори на вчерашниот израелски напад во кој се убиени неколку луѓе и рани илјадници низ Либан, кога пејџери што припаѓаат на членови на групата поддржана од Иран експлодираа речиси истовремено, што откри масивен безбедносен пробив и ја покажа големината на израелското разузнавање.

Две деца на 8 и 11 години се меѓу 12-те загинати од експлозии на пејџери што вчера се случија во Либан, пишува Би-би-си пренесувајќи ја изјавата на либанскиот министер за здравство Фирас Абијад.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги осуди експлозиите на стотици пејџери во Либан, при што загинаа најмалку 11 лица, опишувајќи ги како „терористички акт“ за кој, според него, е виновен Израел, пренесува ДПА.

Повеќе од
оваа категорија

38 (8) ■ спорт > кошарка ■ 19-Sep 15:48 -> 20-Sep 08:24
.
.
.
.

Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

  • Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија