1 (7) ■ вести > македонија ■ 19-Sep 13:15 -> 21-Sep 19:40
.
.
.
.

Протест во Струга против отворањето казина и обложувалници

  • Локален протест против коцкарница во Струга

Група граѓани во Струга протестираа против отворањето коцкарници и обложувалници во градот.

Нема да дозволиме да никне уште едно казино во Струга и да се коцка младината во близина на нашите домови и училишта, порачаа стружани од денешниот протест против отворањето на уште една нова коцкарница во комплексот згради на влезот на градот.

2 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Sep 16:20 -> 21-Sep 19:29
.
.
.
.

СДСМ: Мицкоски лаже, првпат по седум години има пад на просечната плата за 1.000 денари

  • СДСМ воведе данок на луксуз и тие пари потоа ги крадеа од буџетот, ние ја ограничивме маржата на прехранбени производи за да ја олесниме живејачката на граѓаните

  • СДСМ: СДСМ намалуваше цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Христијан Мицкоски денеска повторно излажа.

„Па да јас од тоа што го слушам од страна на опозицијата во овој период освен тоа што е безидејна порака и порака што не допира никого, се и овие би рекол гимнастики коишто ги прават на отворена сцена коишто им се враќаат како бумеранг, негативен врз нив тие забораваат дека 1.300 мислам беа производи на коишто им го покачија ДДВ од 5 на 10 проценти а потоа додадоа и данок на луксуз.

Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

5 (99) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 21-Sep 17:45
.
.
.
.

Палевски негира вина и тврди дека ЈО извршува политички наредби и злоупотребува докази

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Таткото на Вања: Чувствувам болка која не може да се објасни, чувствувам и обврска кон Вања

  • ВИДЕО|Палчо пукал во главата на Вања преку перниче – наведено на судењето

Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Денес во судницата за време на рочиштето таткото на убиената Вања изјави дека чувствува болка која не може да се објасни.

Со пиштол со калибар од 9 милиметри и преку перниче обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска, се наведува во обвинението за убиството на 14-годишното девојче што се случи лани во ноември во Скопје, а за кое судскиот процес почна денеска.

10 (74) ■ вести > свет ■ 19-Sep 08:36 -> 21-Sep 15:59
.
.
.
.

Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут

  • Израел го нападна Либан, Иран се заканува дека ќе возврати

  • Јапонската компанија чие лого наводно било на уредите кои експлодирале го прекинала нивното производство пред 10 години

  • Лидерот на Хезболах за експлозиите на пејџери и воки-токи апарати: Ова е објава на војна кон Либан

Либанската шиитска група Хезболах утринава соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут.

Бран експлозии вчера го зафати Либан, еден ден по големите пејџер експлозии во кои загинаа 12 лица, а илјадници беа повредени.

Јапонската фирма Иком соопшти дека пред околу 10 години престанала да произведува модел на воки-токи што наводно бил користен во неодамнешните експлозии во Либан.

Експлозиите на пејџери и воки-токи апарати во Либан претставува терористички чин и објавување на војна кон народот на Либан, изјавил лидерот на милитантната група Хезболах Хасан Насрала, објави Би-би-си. Според него, Израел ги преминал црвените линии.

13 (20) ■ вести > култура ■ 19-Sep 11:07 -> 21-Sep 17:27
.
.
.
.

Почнува 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, ќе бидат откриени ѕвезди на досегашните добитници на „Златна камера 300“

  • ▷ Почнува 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

  • „Патека на славните“ на Широк сокак во Битола

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го пролседат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го пролседат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

На ден пред почетокот на 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на Широк сокак во Битола се оформува „Патека на славните“ на која се поместени 18 ѕвезди.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

66 (11) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 12:13 -> 20-Sep 13:00
.
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ВО ЈУЛИ ИЗНЕСУВА 40.961 ДЕНАР Повисока е од ланскиот јули за 12,9%, но е пониска од јунската

  • Просечната нето плата во јули 40.961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 12,9% повисока од истиот месец лани но е пониска за 2,3 % во однос на јунската плата годинава, соопшти Реалниот пораст на нето-платата јули 2024 – јули 2023 година изнесува 9,6% Зголемувањето на просечната нето-платата во однос на ланскиот јули се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: oбразование (19,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,7 %). Податоците на статистика покажуваат дека нето-платата во јули во однос на јуни годинава се намалила за 978 денари или за 2,3%. Намалувањето главно е поради намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9 %), административни и помошни услужни дејности (5,6 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61,569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 %.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

156 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.