1 (10) ■ вести ■ 13-Nov 11:50 -> 15-Nov 09:36
.
.
.
.

Шлаканици и тензии уште пред мечот на поранешниот шампион: „Тајсон мора да умре“ (ВИДЕО)

  • Борбата меѓу Тајсон и Пол можно е да биде откажана

Тензиите во пресрет на борбата меѓу поранешниот светски шампион Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол достигнаа максимум за време на мерењата во Далас.

Долгоочекуваната борба помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол, закажана за 15 ноември, би можело да биде одложена само еден ден пред да влезат во рингот.

10 (49) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 14-Nov 11:00 -> 15-Nov 09:24
.
.
.
.

Тошковски: Дозволи за оружје добивале луѓе кои законски немале право, отказ за околу 15 високи полициски функционери

  • МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

  • Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

  • Тошковски очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година

Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

13 (94) ■ вести > свет ■ 13-Nov 07:47 -> 15-Nov 09:43
.
.
.
.

Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон

  • Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

  • Трамп за Њујорк Пост: Јас и Бајден навистина уживавме во средбата

  • Рамасвами и Маск со план за укинување на ФБИ и масовно отпуштање владини службеници

Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со актуелниот претседател Џо Бајден.

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претседателот Џо Бајден „навистина уживале во средбата“ и очекуваат повторно да се видат непосредно пред денот на инаугурацијата, според ексклузивното телефонско интервју за Њујорк Пост.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) треба да биде укинато, а 1,5 милиони вработени во владата да бидат отпуштени како дел од новото Одделение за намалување на трошоците (DOGE), предложено од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Повеќе од
оваа категорија

58 (17) ■ спорт ■ 13-Nov 08:12 -> 14-Nov 11:24
.
.
.
.

Заедничко соопштение од Министерството за спорт и РФМ за случувањата во женската лига

  • Министерството за спорт им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија испратија заедничко соопштение до јавноста, по скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови во насока на конструирање на конечниот резултат.

66 (7) ■ спорт > мои пари ■ 14-Nov 11:53 -> 14-Nov 16:52
.
.
.
.

Ракометната федерација ги исплати наградите за националните селекции

  • РФМ богато ќе ги награди националните селекции кои се пласираа на континтенталните натпреварувања

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од : – 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ; – 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ; – 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ; Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови.

Ракометната Федерација на Македонија богато ќе ги награди националните селекции кои успеаа да обезбедат пласман на континенталните натпреварувања.

Повеќе од
оваа категорија

64 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-Nov 11:22 -> 14-Nov 15:53
.
.
.
.

Мицкоски: Со потпишувањето на меморандумот меѓу ЕСМ и СОКАР треба да добиеме пониска цена на природниот гас

  • Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Потпишувањето меморандум за разбирање меѓу АД ЕСМ и азербејџански СОКАР е навистина фантастична вест и е нешто позитивно за нас како држава, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.