1 (14) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 11:16 -> 09-Nov 23:13
.
.
.
.

ВИДЕО: Скандал во Купот на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови, Ристовски најави одземање на лиценците

  • Ристовски за скандалот во женскиот Куп: На двата клуба им биде одземена лиценцата за дејност спорт

Натпреварот Скопје – Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени.

Скандалот кој што се случи на натпреварот меѓу Скопје и Гевгелија во Купот на Македонија во женска конкуренција беше една од темите на кои министерот за спорт Борко Ристовски зборуваше на гостувањето во телевизија Сител.

3 (92) ■ вести > свет > политика ■ 07-Nov 00:05 -> 09-Nov 19:50
.
.
.
.

Бајден и Трамп ќе се сретнат в среда во Белата куќа

  • Што може да значи второто претседателство на Трамп за Америка

  • Кој ќе биде во тимот на Трамп: Милијардерот Маск, антиваксерот Кенеди, контоверзниот Гренел

  • Зборовите на Трамп за украинската криза заслужуваат внимание, рече Путин честитајќи му победа

Претседателот на САД Џозеф Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат в среда во Белата куќа, соопшти денеска канцеларијата на американскиот претседател во заминување.

Доналд Трамп ќе биде следниот претседател на САД, кој ќе се врати во Белата куќа откако двапати беше отповикан и осуден за државни злосторства.

За време на претседателската кампања, Трамп избегнуваше директно да потврди какви било назначувања во неговата администрација, но честопати навестуваше кој би можел да биде дел од неговиот близок круг.

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, јавија руските медиуми.

5 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Nov 19:29 -> 09-Nov 16:35
.
.
.
.

Мицкоски: Ја разбирам Кос, требаше да го помине „хирингот“ на кој гласаат и европратеници од нашиот источен сосед

  • Николоски со коментар средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

  • Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

  • Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија

Премиерот денеска се обиде да најде оправдување за идната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која на сослушувањето во Европскиот парламент изјави дека Македонија мора да ја исполни преземената обврска за промена на уставот, „ништо повеќе и ништо помалку“.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на состанокот на Европската политичка заедница, во Будимпешта, на својот Фејсбук профил напиша: „На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“.

7 (40) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Nov 10:20 -> 09-Nov 18:10
.
.
.
.

По тригодишен застој пуштен во функција хидросистемот Ѓавато

  • Ангов: Владата го стави на дневен ред полнењето на Дојранско Езеро од Хидросистемот „Ѓавато“

  • Меџити по речиси тригодишен застој го пушти во функција хидросистемот Ѓавато

  • ЦУК: Паднал од чамец во Дојранското езеро, од давање го спасила граничната полиција

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Миле Цеков, по тригодишен застој, денеска го пуштија повторно во функција Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Официјално од Општина Дојран преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Миле Цеков денес, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Граничната полициција вчера спасила давеник што од чамец паднал во Дојранското езеро, информира Центарот за управување со крици (ЦУК), повикувајќи се на информациите добиени од Религоналниот ЦУК Струмица.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија