Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце откако бегајќи со возилото предизвикал судар.
Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока - обувки и облека - од Косово во Северна Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина.