Судијата од Њујорк, кој претседава во случајот против избраниот претседател Доналд Трамп за давање поткуп заради молчење, ќе ја изрече казната за Трамп десет дена пред неговата инаугурацијата.
Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“ „Овој нелегитимен политички напад не е ништо повеќе од фарса“, напиша идниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“.