Првиот блок на РЕК „Битола“ е времено исклучен од електроенергетска мрежа, поради превентивен карактер, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). „Во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интензивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот“, соопштија од ЕСМ.
АД ЕСМ ја известува јавноста дека не е избран економски оператор за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“, по огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на 13 декември, минатата година.
АД ЕСМ денеска информира дека не е избрана фирма за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“, по огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на 13 декември минатата година.