„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ, не може интерпелација да нема никаква правна последица“, велат од партијата Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара од претседателот на Собранието Африм Гаши да каже кои се следните чекори што ќе се преземат откако во петокот на пленарна седница беше изгласана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјални работи, демографија и млади Илире Даути.
Неизвесно е дали Илире Даути ќе остане или ќе биде сменета од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако во петокот помина нејзината интерпелација поднесена од Левица.
Денеска од Левица рекоа дека ќе чекаат неколку дена да се произнесе „Европскиот фронт“ од чии редови е Даути и да видат дали таа ќе поднесе оставка од функцијата, а доколку тоа не се случи, ќе поднесат предлог за нејзино разрешување до Комисијата за прашања на изборите и именувањата Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вели претседателот на ова собраниско работно тело, Ѓорѓија Сајкоски.
Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, пренесува МИА.