1 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 16:17 -> 24-Sep 16:45
.
.
.
.

Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа

  • Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.

Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.

4 (43) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:47 -> 24-Sep 16:39
.
.
.
.

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Toj e најголемиот трговец во историјата и кога ќе дојде во нашата земја, си заминува со 60 милијарди долари

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

Kaндидатот за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака Демократите да победат на претстојните претседателски избори во САД, на кои тој ќе се соочи со Камала Харис.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

5 (102) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:34 -> 24-Sep 16:00
.
.
.
.

САД: Треба да се спречи ескалација меѓу Израел и Хезболах

  • Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах

  • Министерството за здравство на Либан соопшти за убиство на три лица во израелски напади

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

Соединетите Американски Држави не поддржуваат ескалација на конфликтот што се случи во последните денови меѓу Израел и Хезболах, изјави висок функционер на Стејт департментот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.

Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека три лица загинале во одделни израелски напади на југот на земјата, каде, како што рече Израел, мета биле цели на Хезболах.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

7 (7) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 14:28 -> 24-Sep 15:45
.
.
.
.

Поминаа измените на Законот за локалната самоуправа – нема предвремени избори во Аеродром, Сарај и Гостивар

  • Нема да има предвремени локални избори во општините Гостивар, Сарај и Аеродром – одлучија пратениците

Со двотретинско мнозинство, со 83 гласа „за“ пратениците на владејачките ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ и на опозициската ДУИ денеска ги изласаа законските измени со кои ќе се спречи во три општини, Аеродром, Гостивар и Сарај, да се одржат предвремени локални избори откако нивните поранешни градоначалници Тимчо Муцунски, Арбен Таравари и Блерим Беџети влегоа во извршната и законодавната власт.

Со 83 гласа „за“ и 17 „против“ во Собранието поминаа законските измени за локална самоуправа, со кои в.д. градоначалници да може да управуваат со општините и до две години.

10 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:45 -> 24-Sep 14:15
.
.
.
.

Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром

  • Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.

Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на ставањето камен-темелник на новата спортска сала во оопштина Ѓорче Петов.

12 (14) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 11:37 -> 24-Sep 16:10
.
.
.
.

ССМ: Трговците ги зголемија цените на основните производи пред ограничување на маржите

  • Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ќе се намалат, ако се почитува одлуката на Владата

За задоволување на основните потреби во домаќинството, на едно четиричлено семејство во септември му биле потребни 61 306 денари, што е зголемување за 107 денари споредено со август кога истите трошоци изнесувале 61 199 денари, покажува пресметката на синдикалната кошничка на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Како загрижувачки, ССМ го посочува податокот што трошоците за храна и пијалаци за еден месец се зголемиле за 717 денари, што укажува на тоа дека, како што велат од Синдикатот, трговците во текот на месецот ги искористиле најавите за воведување на ограничени маржи на основните прехранбени производи.

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.

14 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 13:27 -> 24-Sep 14:22
.
.
.
.

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024

  • Изборите под лупа: ДКСК откри бројни нерегуларности

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

59 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.