1 (4) ■ вести > свет ■ 24-Sep 08:15 -> 24-Sep 08:45
.
.
.

Русија планира да ги зголеми годишните трошоци за одбрана на 142 милијарди долари

Руските власти планираат следната година да ги зголемат трошоците за одбрана на 6,2 отсто од бруто домашниот производ на земјата, во услови на војна против Украина, објави Блумберг, врз основа на увид во нацрт-буџетот на Руската Федерација за 2025 година.

2 (76) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:34 -> 24-Sep 08:31
.
.
.
.

Израелската армија објави дека погодила 1.300 цели во Либан

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

  • Министерството за здравство на Либан соопшти за убиство на три лица во израелски напади

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

Израелската армија вечерва објави дека во текот на денот погодила 1.300 цели на Хезболах во Либан, од чија територија оваа проиранска исламистичка организација се впушта во се поинтензивна размена на оган со еврејската држава.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека три лица загинале во одделни израелски напади на југот на земјата, каде, како што рече Израел, мета биле цели на Хезболах.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

3 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Sep 11:42 -> 23-Sep 16:13
.
.
.
.

Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени

  • ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

  • Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

  • ВМРО-ДПМНЕ спинува, Пендаровски не се откажал од канцеларијата, туку од претседателската пензија

​Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица.

Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, на прес-конференција изјави дека Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

ДРАГАН МИШЕВ Соочени со серијата неуспеси на надворешно политички план, неколкуте катастрофални потези, дипломатските скандали што ни ги приреди претседателката Давкова, немоќта да го остварат предизборното ветување враќање на старото име на државата, критиките за игнорантскиот однос кон баранителите, непокачувањето на платите, доцнењето со мерките за одбрана на животниот стандард на граѓаните, како и зголемувањето на криминалните активности во земјава, во обид да ги дезавуира овие негативни процеси кои земаа замав, ВМРО-ДПМНЕ го прави она што отсекогаш највеќе го знаела и го правела, да спинува и манипулира.

4 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:18 -> 23-Sep 22:41
.
.
.
.

Муцунски: Одлична и конструктивна средба со Герапетритис, заеднички ќе работиме да ги реализираме обврските од Преспанскиот договор

  • Муцунски во Њујорк: Иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, а војните и конфликтите да останат во минатото

  • Муцунски- Герапетритис во Њујорк: Почитување на меѓународното јавно право е суштинско

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денешната прва билатерална средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна.

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска се сретнав со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.

5 (25) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:47 -> 24-Sep 08:13
.
.
.
.

Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Зеленски објави детали за неговиот „план за победа“

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот американски колега Џо Бајден да и дозволи на Украина да изврши напади со долг дострел во Русија користејќи оружје доставено од САД и да обезбеди „место во историјата“ со „зајакнување на Украина“ пред да ја напушти функцијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

7 (10) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 15:28 -> 23-Sep 22:32
.
.
.
.

Градоначалник на Скопје е убав предизвик за министерот Златко Перински

  • Перински: Сто милиони евра за општините, критериумите се општи за сите да аплицираат и сите пари да се потрошат

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека градоначалничката функција во главниот град е убав предизвик и оти се надева дека во иднина неговите перформанси кои ќе ги даде работејќи како министер можеби ќе бидат причина да биде кандидат за градоначачлниката позиција во Скопје.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека од утре почнува евалуацијата на проектите на општините за распределба на сто милиони евра, чиј рок за доставување истекува денеска.

9 (13) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 14:42 -> 23-Sep 16:21
.
.
.
.

Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата

  • Мицкоски најави стратегија за развој за наредните 20 години

Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан.

Предолго државата е соочена со распространета корупција која не е санкционирана и на некој начин, системот создава култура на корумпираност.

11 (16) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 07:00 -> 23-Sep 10:30
.
.
.
.

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

  • Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, 23.09.2024 година, во 2 часот и 2 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

13 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Sep 22:36 -> 23-Sep 20:15
.
.
.
.

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик

  • Претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за иднината побара длабоки реформи во ОН како одговор на глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Крајно време е за соочување со грдата реалност на војни, природни катастрофи, енормна сиромаштија, нееднаквост и нерамноправност, кршење на меѓународното право, па дури и на JUS GOGENS, практикување на правото на мажите, наместо владеење на правото, жртвување на правдата, етиката и моралот заради профит и моќ – истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите Нации во Њујорк.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија