1 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Nov 15:56 -> 12-Nov 19:37
.
.
.
.

Ковачки попречуваше новинари да земат изјава од директорот на АНБ

  • Информацијата за именувањето на директорот на АНБ на дневен ред на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР

  • (Видео) Петровска: ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ.

  • Собраниска комисија за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски

Скандалозно однесување на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска во Собранието.

Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ, изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

2 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Nov 13:42 -> 12-Nov 22:13
.
.
.
.

Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

  • Мицкоски: За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции

  • Мицкоски: Се додека сум премиер, проблемите ќе се решаваат

  • Ќе се градат когеративни централи, за да се намали аерозагадувањето, најави премиерот Мицкоски

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод, 80 години од ослободувањето на Скопје.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д.

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а е во државна сопственост.

Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.

3 (37) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 11-Nov 14:12 -> 12-Nov 23:39
.
.
.
.

Хајрулахи: Кривичната пријава е со цел да ме отстрани и замолчи, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот

  • Хајрулахи: Суспендиран сум поради тоа што не донесовме нарачана одлука, ќерката на Коцевски изнесува информации од ЈО

  • Истрага за шефот на вишото обвинителство Хајрулахи, по пријава за малтретирање, но и сомнеж за местење предмети

  • Хајрулахи: Истрагата против мене е со цел да бидам отстранет и замолчен

Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата, денеска на прес-конференција пред Обвинителството, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.

Шефот на Вишото јавно обвинителств Скопје, Мустафа Хајрулахи денеска во обраќањето кон медиумите го обвини јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека му врши притисок со цел Вишото ЈО да донесе нарачана одлука за предметот со бонусите во поранешното СЈО.

Шефот на скопското вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи е под истрага, по пријава на вработени на кои им е шеф, но и поради сомнеж за местење на предмети.

Првиот човек на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој е суспендиран од функцијата смета дека врз него се врши притисок.

6 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 11:44 -> 12-Nov 19:46
.
.
.
.

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност, а тоа ги загрижува и меѓународните партнери

  • Мицкоски: Али Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат фактор на нестабилност

  • АХМЕТИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА „СИТЕ АЛБАНЦИ ЌЕ СЕ КРЕНАТ НА НОЗЕ“: Што му одговори Мицкоски?

„Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери", изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги изјавите на ДУИ дека ако се допре законот за јазиците, Албанците ќе бидат на нозе.

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се закани со масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.

7 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Nov 09:29 -> 12-Nov 17:39
.
.
.
.

Таравари: Најмалку 1.000 лекари ѝ недостасуваат на Северна Македонија

  • ВРЕДИ: Здравјето ќе се излечи, но не и скапаниот менталитет на ДУИ!

  • Таравари: Опозицијата на секаков начин сака да прикаже дека сè е катастрофа откако тие не се на власт

  • ТАРАВАРИ: Здравствениот систем не може да се подобри преку ноќ, ова што се случува е последица на тоа што го наследивме

Се надевам дека ќе изнајдеме решение идната година освен 300 специјализанти, да вработиме околу 300-400 доктори, со што ќе имаме некаква одржливост на болниците, вели министерот за здравство, Арбен Таравари Најмалку 1000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари.

Изгледа дека ДУИ не избира средства за да оствари политички поени, туку ги злоупотребува и најболните случаи само за да си го залечи егото со цел враќање на власт.

Министерот за здравство, Арбен Таравари сè уште не го добил извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од извршениот вонреден инспекциски надзор во Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче, кое почина од воспаление на мозокот.

Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот.

8 (8) ■ вести > македонија ■ 12-Nov 18:59 -> 12-Nov 21:43
.
.
.
.

Ѓорѓиевски, Трипуновски и Костадинов разговараа за изнаоѓање заеднички решенија за проблемите на струмичани

  • Ѓорѓиевски ги седна Трипуновски и Костадинов на заедничка маса: Не постои нерешлив проблем!

Проблемите на струмичани и изнаоѓање на заеднички решенија за нивно решавање, беа тема на разговор на денешната средба меѓу претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, што се одржа во просториите на ЗЕЛС.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес во просториите на ЗЕЛС одржа средба со министерот Цветан Трипуновски и градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов.

9 (44) ■ вести > свет ■ 11-Nov 07:26 -> 12-Nov 21:05
.
.
.
.

ПЛАНОТ НА ТРАМП НЕ МУ ОДГОВАРА НА ПУТИН? Рускиот лидер брза да го врати Курск пред 20 јануари

  • Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина

  • ЕВЕ КОЈ СЕ ЌЕ БИДЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП: списоците веќе се подготвени

  • СИНОТ НА ТРАМП ГО ИСМЕА ЗЕЛЕНСКИ: „38 дена до губење џепарлакот“

Идејата за демилитаризирана зона меѓу Русија и Украина како дел од наводниот мировен план на САД е неприфатлива за Русија, пишува хрватски Индекс.

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не губи време во изборот на функционери кои ќе ги преземат клучните улоги во неговата нова администрација.

Со својата објава, Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на новоизбраниот американски претседател, ги зголеми шпекулациите дека неговиот татко ќе го прекине финансирањето на Украина, односно нејзините воени напори против Русија, по влегувањето во Белата куќа.

10 (31) ■ вести > македонија ■ 11-Nov 14:33 -> 12-Nov 16:24
.
.
.
.

Премиерот не открива која е банката што прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите од унгарскиот заем, повеќе детали ќе открие по средбата со македонските банкари

  • Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска

  • Пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март, ќе растат платите и во здравството, најави Димитриеска-Кочоска

  • Министерката за финансии: Ќе растат платите и на општите лекари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше на новинарите да им открие која е банката што прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информација што вчера ја сподели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март, а се уште е неизвесно какво ќе биде коригирањето во септември в година.

Сè уште стојам на ставот дека треба да пораснат платите на средномедицинскиот персонал, но треба да се направат промени и кај општите лекари.

Повеќе од
оваа категорија

16 (12) ■ спорт > кошарка ■ 11-Nov 18:55 -> 12-Nov 20:20
.
.
.
.

Пелистер „потона“ една четвртина и загуби во Сомбор од Џокер

  • Стојановски: Моравме да ги поправиме грешките во одбраната, доколку сакаме победа во Сомбор

ЕКИПА во Сомбор, Стеван Цаневски Екипата на Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од АБА2 лигата откако загуби на гостувањето против Џокер со резултат 93-84. Повторно тренерот Петровиќ и неговите избраници имаат за што да жалат, ако се зна дека три четвртини беа не само достоен, туку и подобар ривал од српскиот тим, но тоа малку вреди поради кататрофалната трета четвртина што македонскиот тим ја загуби со убедливи 27-9, што на крајот го чинеше пораз.

Кошаркарите на Пелистер го одработија единствениот тренинг во Сомбор пред утрешното соочување со Џокер во рамките од четвртото коло во АБА2 лигата.

Повеќе од
оваа категорија