1 (5) ■ вести > македонија ■ 14-Nov 22:38 -> 14-Nov 22:56
.
.
.
.

ВИДЕО I Победа на Македонија против Летонија, го обезбеди првото место во групата

  • Македонија „гази“ во Лигата на Нации: Совладана и Летонија за четврта победа по ред без примен гол

Македонската репрезентација ја совлада Летонија со голот на Никола Серфимов во 57 минута.

Македонската репрезентација дојде до четвртата победа по ред во групата во Лигата на Нации, и го обезбеди првото место во групата, и пласман во Б сегментот.

2 (55) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 11:00 -> 14-Nov 22:06
.
.
.
.

Тошковски: Дозволи за оружје добивале луѓе кои законски немале право, отказ за околу 15 високи полициски функционери

  • МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

  • Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

  • Тошковски: Криминалните групи паѓаат - Безбеден град во 2025

Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерството за внатрешни работи набавило нова машина за печатење на лични документи со која, како што изјави министерот Панче Тошковски, тројно треба да се зголеми капацитетот и да се забрза издавањето на документите.

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.

Криминалните групи паѓаат, а информации не протекуваат.

3 (56) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 10:01 -> 14-Nov 21:48
.
.
.
.

Се испрашуваат лица кои можеби имаат сознанија за експлозијата во куќата на Раде Штекли

  • Увид на местото каде беше фрлена експлозивна направа во Керамидница

  • Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено

  • ВИДЕО: Нападот на Раде Штекли бил најавен на ТикТок

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија во врска со експлозијата во семејна куќа во Керамидница во која беше повредено едно лице.

Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Во утринските часови била експлодирана бомба во двор во скопската населба Керамидница, информираат од МВР/ „Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.

Заканувачко видео за експлозија во Керамидница кое се толкува како најава за денешниот напад на Раде Трајковски Штекли е објавено на социјалната мрежа ТикТок.

4 (127) ■ вести > свет ■ 12-Nov 07:30 -> 14-Nov 20:14
.
.
.
.

Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон

  • Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

  • Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

  • Маск доби позиција во администрацијата на Трамп

Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа за прв пат по победата на минатонеделните избори и седна со долгогодишниот политички ривал, претседател Џо Бајден, на разговори за претстојниот трансфер на власта.

Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

6 (83) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 07:31 -> 14-Nov 16:48
.
.
.
.

За опозицијата, Предлог-буџетот е неразвоен, скратени се средства за енергетиката ....

  • Информацијата за именувањето на директорот на АНБ на дневен ред на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР

  • (ВИДЕО) Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра

  • ▷ Прекината седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР

Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план.

Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.

Собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која првично беше како единствена точка на дневен ред ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред.

8 (20) ■ вести > култура ■ 14-Nov 10:33 -> 14-Nov 21:57
.
.
.
.

Љутков од МНТ: Со заеднички сили ќе го разбудиме заспаниот џин покрај Вардар

  • Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала, во собраниска процедура се измените на Законот за култура

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ПРЕЧКИ ЈА КОЧАТ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА Љутков најавува брзо продолжување на работите за Универзалната сала

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, денеска го посети Македонскиот народен театар.

Неколку работни групи работат на случајот со Универзалната сала.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информираше дека случајот со реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје е во напредна фаза, но се очекува да се откочат административни пречки.

14 (7) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 18:29 -> 14-Nov 20:11
.
.
.
.

Кривична пријава за поранешен директор на Комунална чистота

  • Кривична пријава за екс директорот на ЈП “Комунална чистота”- Богданци

Поднесена кривича пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Р.П. поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци.

Денеска (14.11.2024) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против Р.П., поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци, затоа што : во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие, со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори, односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП “Комунална чистота“ Богданци, направени од страна на физички и правни лица од општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП “Комунална чистота“ Богданци.

Повеќе од
оваа категорија

57 (7) ■ спорт > мои пари ■ 14-Nov 11:53 -> 14-Nov 16:52
.
.
.
.

Ракометната федерација ги исплати наградите за националните селекции

  • РФМ богато ќе ги награди националните селекции кои се пласираа на континтенталните натпреварувања

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од : – 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ; – 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ; – 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ; Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови.

Ракометната Федерација на Македонија богато ќе ги награди националните селекции кои успеаа да обезбедат пласман на континенталните натпреварувања.

Повеќе од
оваа категорија

44 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-Nov 11:22 -> 14-Nov 15:53
.
.
.
.

Мицкоски: Со потпишувањето на меморандумот меѓу ЕСМ и СОКАР треба да добиеме пониска цена на природниот гас

  • Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Потпишувањето меморандум за разбирање меѓу АД ЕСМ и азербејџански СОКАР е навистина фантастична вест и е нешто позитивно за нас како држава, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.