1 (108) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-Nov 07:00 -> 15-Nov 16:33
.
.
.
.

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

  • Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Таткото на Александар Ѓорчевски: Син ми беше зависник, но се излекува пред да се ожени

Во Основниот кривичен суд Скопје во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на Обвинителството беа сослушани родителите, сестрата и внукот на таткото на Вања.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Во продолжение на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска пред Кривичниот суд сведочеше Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања и татко на Александар Ѓорчевски.

3 (27) ■ вести > свет ■ 13-Nov 14:25 -> 15-Nov 19:50
.
.
.
.

Шолц телефонски разговарал со Путин за војната во Украина, првпат по две години

  • Путин му порачал на Шолц дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина

  • Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, првпат во последните две години, соопшти германската Влада.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на „новата реалност на терен“ и да се решат причините за конфликтот, соопшти прес-службата на Кремљ.

Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) потврди денеска дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година.

5 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Nov 10:07 -> 15-Nov 15:55
.
.
.
.

АД ЕСМ: Новиот топловод под мостот „Беласица“ проработи без прекини во испораката на топлинска енергија

  • Заврши поставувањето на новите топловодни цевки под мостот „Беласица“

  • Топловодот под мостот „Беласица“ целосно во функција

  • Одложен тендерот на ЕВН Хоум на кој ЕСМ требаше да достави понуда

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

За помалку од два месеца АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина успешно го завршија поставувањето на новите цевки на топловодот под мостот „Беласица“.

Новиот топловод под мостот Беласица од ноќеска целосно е ставен во функција, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија.

Одложен повикот на ЕВН Хоум на кој ЕСМ требаше да достави понуда со нова цена на струјата за домаќинствата.

6 (90) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 14-Nov 11:00 -> 15-Nov 19:45
.
.
.
.

Спасовски: Тошковски удри по професионалците во МВР

  • МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

  • Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

  • Тошковски: Дозволи за оружје добивале луѓе кои законски немале право, отказ за околу 15 високи полициски функционери

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција, изјави на денешната прес-конференција, Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.

Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

8 (32) ■ вести > балкан > регион ■ 15-Nov 09:24 -> 15-Nov 16:02
.
.
.
.

Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство

  • Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија за сузбивање на корупција и организиран криминал

  • Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош

  • Пленковиќ го разреши министерот за здравство Берош

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ свика прес-конференција по повод апсењето и разрешувањето на министерот за здравство Вили Берош.

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.

рватскиот премиер Андреј Пленковиќ го смени министерот за здравство Вили Берош, соопшти хрватската Влада.

12 (115) ■ вести > свет ■ 13-Nov 07:47 -> 15-Nov 19:35
.
.
.
.

Рамасвами и Маск со план за укинување на ФБИ и масовно отпуштање владини службеници

  • Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

  • Трамп за Њујорк Пост: Јас и Бајден навистина уживавме во средбата

  • Добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) треба да биде укинато, а 1,5 милиони вработени во владата да бидат отпуштени како дел од новото Одделение за намалување на трошоците (DOGE), предложено од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претседателот Џо Бајден „навистина уживале во средбата“ и очекуваат повторно да се видат непосредно пред денот на инаугурацијата, според ексклузивното телефонско интервју за Њујорк Пост.

Французин заработил 85 милиони долари (80,5 милиони евра) во низа облози на „Полимаркет“ (Polymarket) – пазар за крипто-предвидувања, којшто беше популарна платформа за обложување околу изборите во САД на коишто победи Доналд Трамп.

13 (23) ■ вести > свет ■ 14-Nov 21:48 -> 15-Nov 23:50
.
.
.
.

Дел од западните медиуми со коментари за номинациите во идниот кабинет на Трамп

  • Гардијан: Се погласни критиките кон Роберт Ф. Кенеди Помладиот по номинацијата за американски секретар за здравство

  • Роберт Кенеди Џуниор ќе биде министер за здравство на Трамп

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пофали неколку членови на неговиот нов кабинет минатата ноќ на гала вечера по повод неговото враќање во Белата куќа.

Одлуката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го именува Роберт Ф. Кенеди Помладиот за американски секретар за здравство и човекови услуги предизвика широки критики кон Кенеди, познат антивакцинален активист кој поддржува бројни дискредитирани теории за здравјето, пишува Гардијан.

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, го избра Роберт Кенеди Јуниор за свој министер за здравство.

Повеќе од
оваа категорија

117 (17) ■ спорт ■ 13-Nov 08:12 -> 14-Nov 11:24
.
.
.
.

Заедничко соопштение од Министерството за спорт и РФМ за случувањата во женската лига

  • Министерството за спорт им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија испратија заедничко соопштение до јавноста, по скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови во насока на конструирање на конечниот резултат.

Повеќе од
оваа категорија

140 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 14-Nov 08:12 -> 15-Nov 14:59
.
.
.
.

ДОНАЦИЈА НА НЛБ БАНКА ЗА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

  • Чифлиганец и Азманов станаа „ортаци“! Во која голема банка двајцата бизнисмени се втор и трет најголем акционер?

Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 ноември, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство официјално го пушти во употреба интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени, донација од НЛБ Банка, реализирана во рамките на проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“.

Градежната компанија „Адора Инжинеринг“ на Ванчо Чифлиганец и „Настел“ на Зоран Азманов станаа втор и трет најголем акционер во НЛБ Банка една од трите најголеми деловни банки во Македонија.

158 (6) ■ бизнис > економија ■ 14-Nov 13:12 -> 14-Nov 15:53
.
.
.
.

Мицкоски: Со потпишувањето на меморандумот меѓу ЕСМ и СОКАР треба да добиеме пониска цена на природниот гас

  • Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Потпишувањето меморандум за разбирање меѓу АД ЕСМ и азербејџански СОКАР е навистина фантастична вест и е нешто позитивно за нас како држава, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.