1 (7) ■ вести > македонија ■ 15-Jan 12:06 -> 15-Jan 12:30
.
.
.
.

Вработените во Министерството за култура на протест: Платите на 70 отсто од вработените се под просечната плата

  • Костовски: Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната плата

Платите на 70 отсто од вработените во министерството се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во државните органи кои го добија додатокот на основна плата, е 30 проценти, рече денеска Бранко Костовски, претседател на Синдикална организација при Министерството за култура и туризам на УПОЗ, на протестот пред Министерството за култура.

Платите на 70 отсто од вработените во министерството се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на истите позиции во државните органи кои го добија додатокот на основна плата, е 30 проценти, рече денеска Бранко Костовски, претседател на Синдикална организација при Министерството за култура и туризам на УПОЗ, на протестот пред Министерството за култура.

4 (20) ■ вести > македонија ■ 14-Jan 15:05 -> 15-Jan 11:57
.
.
.
.

Времено исклучен првиот блок на РЕК Битола

  • ЕСМ не избра фирма за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“, јавниот повик ќе се повтори

  • Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Првиот блок на РЕК „Битола“ е времено исклучен од електроенергетска мрежа, поради превентивен карактер, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). „Во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интензивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот“, соопштија од ЕСМ.

АД ЕСМ ја известува јавноста дека не е избран економски оператор за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“, по огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на 13 декември, минатата година.

ЕСМ известува дека од вчера привремено е исклучен првиот блок во РЕК Битола како превентивна мерка.

15 (4) ■ вести > македонија ■ 15-Jan 11:15 -> 15-Jan 11:46
.
.
.
.

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

  • Ангеловска-Бежоска на Форумот на Инвисо: Монетарната политика има придонес за забавувањето на инфлацијата

Монетарното затегнување од страна на централните банки одигра битна улога во контролирањето на инфлацијата, иако таа не беше стандарден монетарен феномен, туку одраз на повеќе фактори, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во својата дискусија на гувернерската панел-дискусија на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на Инвисо (конференциите на „Еуромани“), кој се одржува во Виена, Австрија, информираат од Народната банка.

Монетарното затегнување од страна на централните банки одигра битна улога во контролирањето на инфлацијата, иако инфлацијата не беше стандарден монетарен феномен, туку одраз на повеќе фактори, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во својата дискусија на гувернерската панел-дискусија на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на Инвисо (конференциите на „Еуромани“), кој се одржува во Виена, Австрија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

149 (4) ■ сцена > култура ■ 14-Jan 10:24 -> 15-Jan 10:05
.
.
.
.

Виктор Митревски диригираше во новата постановка на „ Така прават сите“ во Операта од Малме

  • Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Почитувани, Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт – „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Претставата доживеа голем успех на сцената на операта во Малме, беше поздравена со овации од публиката и позитивни критички осврти во шведските медиуми.

Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.