1 (10) ■ спорт ■ 14-Jan 20:06 -> 15-Jan 23:09
.
.
.
.

"Не треба да тагуваме, треба да го менуваме менталитетот..."

  • Кире Лазаров: Горд сум на момците, горд сум на сите наши навивачи, иако испуштивме една голема победа!

Селекторот Кире Лазаров по натпреварот во изјавата за медиумот порача дека по денешното реми Македонија не треба да тагува.

ЕКИПА во Хрватска, Стеван Цаневски Македонската репрезентација одигра извонреден натпревар на отворањето на Светското првенство 2025, ремизирајќи (27-27) со моќната Унгарија.

2 (77) ■ вести > свет ■ 13-Jan 10:24 -> 15-Jan 22:27
.
.
.
.

Трамп: Имаме договор

  • Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот в Појасот Газа

  • Тајмс оф Израел: Хамас и Израел ги финализираат деталите за спроведувањето на договорот за заложници

  • Катарскиот премиер очекува договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи на сила в недела

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го поздрави денеска постигнатиот договор помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и за прекин на огнот во Појасот Газа.

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за „Тајмс оф Израел“.

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека посредниците очекуваат договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи на сила в недела, 19 јануари.

5 (51) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jan 12:41 -> 15-Jan 20:14
.
.
.
.

Влада: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

  • Протест на вработени во јавна администрација, најавени протести и за следните денови

  • Деаноски: Во неколку министерства има притисоци да не се излегува на протест

  • Втор ден протест во администрацијата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, велат од Владата во соопштение.

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика, Државниот архив и Бирото за метрологија денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата.

Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување колективен договор.

Втор ден протест на вработените во администрацијата.

12 (17) ■ вести > свет > регион ■ 14-Jan 16:09 -> 15-Jan 20:42
.
.
.
.

Амбасада на САД во Косово: Затворањето на српските институции спротивно на нашите совети и тоа ја ослабува довербата

  • Самоопределување: Во дијалогот со Србија ќе се инсистира на реципроцитет и еднакви услови

Американската амбасада во Приштина објави дека денешното затворање на српските институции во Косово од страна на Приштина директно и негативно влијае на Србите и другите заедници на Косово и може да ги поткопа аспирациите на Приштина да се приклучи кон евроатлантската заедница.

Косово во дијалогот со Србија ќе инсистира на реципроцитет и еднакви услови за двете страни, е ставот на владејачкото движење Самоопределување (ПС) пред парламентарните избори во Косово на 9 февруари, а може да се заклучи од досега кажаното од оваа партија на јавните настапи и во неколку клучни точки од програмата за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

13 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jan 13:47 -> 15-Jan 17:19
.
.
.
.

СДСМ бара Гаши да каже што ќе преземе и кои се следните чекори по изгласувањето недоверба за Илире Даути

  • По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција

  • Сајкоски-Комисијата за избори и именувања не е надлежна самата да презема нешто околу интерпелацијата за Даути

  • Гаши: Прашањата за разрешувања или оставки се во надлежност на Комисијата за избори и именувања и пратениците

„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ, не може интерпелација да нема никаква правна последица“, велат од партијата Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара од претседателот на Собранието Африм Гаши да каже кои се следните чекори што ќе се преземат откако во петокот на пленарна седница беше изгласана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјални работи, демографија и млади Илире Даути.

Неизвесно е дали Илире Даути ќе остане или ќе биде сменета од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако во петокот помина нејзината интерпелација поднесена од Левица.

Денеска од Левица рекоа дека ќе чекаат неколку дена да се произнесе „Европскиот фронт“ од чии редови е Даути и да видат дали таа ќе поднесе оставка од функцијата, а доколку тоа не се случи, ќе поднесат предлог за нејзино разрешување до Комисијата за прашања на изборите и именувањата Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вели претседателот на ова собраниско работно тело, Ѓорѓија Сајкоски.

Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, пренесува МИА.

14 (59) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jan 16:39 -> 15-Jan 15:42
.
.
.
.

Мицкоски: Пуштена е делницата Градско-Дреново, продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола

  • Бочварски: Експресниот пат Градско-Дреново е дел од визијата на СДСМ за патишта наместо барокни фасади

  • ОТСЕГА ЌЕ ПАТУВАМЕ БРЗО И БЕЗБЕДНО Коце Трајановски на свеченото пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново

  • Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92 отсто е реализиран од СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешното свечено пуштање во употреба на експресниот пат Градско-Дреново истакна со пуштањето на овој пат, како и дел од пругата кон Бугарија и патот Куманово- Крива Паланка се проекти кои ќе го одбележат почетокот на оваа година.

Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани.

За само 10 дена пуштаме во употреба уште еден експресен пат и тоа е добро за Македонија.

Со гордост денеска го одбележуваме пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново, проект со огромно значење за нашите граѓани, вели Миле Талески пратеник на СДСМ.

Повеќе од
оваа категорија

28 (34) ■ спорт ■ 13-Jan 11:23 -> 15-Jan 17:46
.
.
.
.

Историски ден за Ѓоковиќ: Го сруши големиот рекорд на Федерер

  • Ѓоковиќ се изедначи со настапите на Федерер на Грен слем турнирите

  • Ѓоковиќ изгуби сет, но не дозволи сензација против 107. тенисер во светот

  • Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми со 3:1 го совлада Португалецот Жаиме Фариа и се пласираше во осминафиналето на Австралија опен.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Американецот Нишеш Басавареди во првото коло на Австралија Опен во 2025 година.

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и се пласираше во следната рунда на Австралија Опен откако денеска со 3-1 во сетови беше подобар од Американецот Бесверди.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Португалецот Џејми Фариа во второто коло на Австралија Опен 2025 година.

Повеќе од
оваа категорија

215 (4) ■ сцена > култура ■ 14-Jan 10:24 -> 15-Jan 10:05
.
.
.
.

Виктор Митревски диригираше во новата постановка на „ Така прават сите“ во Операта од Малме

  • Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Почитувани, Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт – „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Претставата доживеа голем успех на сцената на операта во Малме, беше поздравена со овации од публиката и позитивни критички осврти во шведските медиуми.

Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.