1 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 01:31 -> 21-Jun 16:00
.
.
.
.

ЕСМ купи нова струја со кредит и останува во минус

  • АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

  • СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

Државната енергетска компанија ЕСМ потроши 68 милиони денари, или околу 1,1 милион евра, за набавка на електрична енергија за покривање на потребите на домаќинствата до почетокот на следната недела.

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.

РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ.

5 (21) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 14:55
.
.
.
.

Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

  • МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

6 (129) ■ вести > свет > еу ■ 19-Jun 01:00 -> 21-Jun 15:48
.
.
.
.

Трамп: Иран сака да разговара со нас, а не со Европа

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Бела куќа: Трамп ќе донесе одлука за Иран „во следните две недели“

  • Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на печатот по пристигнувањето во Бедминстер, град во државата Њу Џерси, каде што се наоѓа неговотo приватнo голф-одморалиште.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе одлучи дали да го нападне Иран во следните две недели поради „значителни“ шанси за преговори.

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за „неколку недели“, соопшти Белата куќа.

7 (98) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 02:33 -> 21-Jun 15:30
.
.
.
.

Уапсен вработениот во Народна банка, за кого Манев сведочеше дека го земал ранецот со пиштолот со кои Вања и Панче се убиени

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда

  • Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски - чувствувам срам и душевна болка“

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани.

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор.

8 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 02:02 -> 21-Jun 15:15
.
.
.
.

СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот на Бојан Христовски, затоа што обвинителот Владимир Милошевски го штитеше

  • Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална безбедност на Северна Македонија има лажен сертификат за TOEFL од Бугарија

Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот по англиски на директорот на АНБ Бојан Христовски, затоа што обвинителот Владимир Милошевски од скопското обвинителство го штитеше Бојан Христовски за да се заташка скандалот, побара и обвини денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на Северна Македонија, Бојан Христовски, двапати полагал испит по англиски јазик TOEFL, а кодот на тест-центарот каде што го полагал испитот не се совпаѓал со оној на јазичното студиото „Јулија“ во Пловдив, како што тврди самиот, покажува истрагата на БИРН, објави бигарски Фактор.

9 (87) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 00:40 -> 21-Jun 14:30
.
.
.
.

ПРИСТИГНА ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА СДСМ ОД ВМРО-ДПМНЕ: „Синоним за неспособност и послушност кон Заев“

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче

Добивај вести на Viber Откако вчера беа објавени имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ со своја оценка за истите.„СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев.

Ова не се кандидати на партиската база на СДСМ, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

Повеќе од
оваа категорија

44 (47) ■ спорт > фудбал ■ 19-Jun 06:27 -> 21-Jun 12:30
.
.
.
.

Мбапе е пуштен од болница, се врати во базата на Реал Мадрид!

  • Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

  • Алонсо почна исто како Капело, Мурињо и Бенитес

  • Килијан Мбапе заврши во болница

Мбапе беше хоспитализиран поради акутен гастроентеритис, инфекција која предизвикува висока температура, но може да направи и други здравствени проблеми.

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, каде што ќе биде под надзор и подложен на дополнителни тестови, откако е откриено дека францускиот напаѓач има акутен гастроентеритис.

Реал Мадрид освои само еден бод во својот прв натпревар под водство на новиот тренер Шаби Алонсо, кој со тоа стана само четвртиот тренер на тимот од Мадрид кој ремизирал во својот прв натпревар на клупата за овој клуб.

Килијан Мбапе (26) има акутен облик на гастроентеритис и е хоспитализиран за да се подложи на разни тестови и да добие соодветен третман.

Повеќе од
оваа категорија

151 (10) ■ бизнис > економија ■ 19-Jun 15:16 -> 20-Jun 07:32
.
.
.
.

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

  • ▷ 📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

109 (9) ■ сцена > занимливости ■ 20-Jun 00:17 -> 20-Jun 16:00
.
.
.
.

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини

  • Алесандра Амброзио повторно го покажа своето беспрекорно тело, позирајќи во костим за капење

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини од apostolova15:50 - 20 јуни, 202514:37 - 20 јуни, 2025 Алесандра Амбросио објави заводливи фотографија во бикини и за кратко време ги освои социјалните мрежи.

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) позирајќи во костим за капење привлече внимание и предизвика воодушевување кај бројните обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.Имено, манекенката позирала покрај базен во впечатливо розово минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата витка линија.

255 (5) ■ сцена > филм ■ 19-Jun 10:07 -> 21-Jun 08:45
.
.
.
.

Од 23 до 30 јуни недела на франкофонски филм во Кинотека на Македонија

  • ▷ Недела на франкофонски филм од 23 до 30 јуни во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни, во Кинотеката на Северна Македонија.