До крајот на годината, Филков вели дека има уште една важна задача – усвојување на новиот Кривичен законик, што не е само усогласување со европските стандарди, туку фундаментална законска реформа што ќе ја модернизира кривичната политика и ќе обезбеди јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата.„Конечно, ќе има јасни, цврсти и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на службената должност, организираниот криминал. Puls24