1 (53) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Oct 13:04 -> 07-Oct 16:38
.
.
.
.

Мицкоски: Планираме да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот

  • Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката

  • (ВИДЕО) Мицкоски: Со премиерот на Србија разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји

  • Регионалното поврзување како дел од идното интегрирање во ЕУ останува приоритет за двете држави, кажаа Мицкоски и Вучевиќ

Владата планира земјава да ја направи раскрсница во патната, енергетската и железничката област и да бидеме центар на патните, енергетските и железничките коридори во регионот, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава.

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ.

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница.

2 (23) ■ вести > македонија ■ 07-Oct 12:06 -> 07-Oct 16:27
.
.
.
.

Едносменска и целодневна настава за сите ученици до петто одделение до крајот на мандатот, најави министрката Јаневска, 3.000 наставници кои се вишок ќе бидат ангажирани за дополнитени активности

  • Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците

  • Јаневска информираше за резултатите од работата во првите 100 дена, буџетот бил во минус од 5 милијарди денари

Услови за едносменска и целодневна настава ќе бидат овозможени за сите ученици до петто одделение до крајот на мандатот – е планот на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава.

Задоволна сум од сработеното и најавувам дека продолжуваме со исто силно темпо, максимално посветени кон учениците, студентите, наставниците, професорите, исто како и во првите 3 месеци.

3 (43) ■ вести > свет ■ 05-Oct 10:31 -> 07-Oct 15:21
.
.
.
.

ОН: Една година незамисливо страдање од нападот на 7 октомври

  • Цените на нафтата минатата недела скокнаа поради ескалацијата на Блискиот Исток

  • ИРАН ГИ ЗАПРЕ ЛЕТОВИТЕ Техеран очекува напад од Израел

  • Поранешен амбасадор во САД: Нетанјаху го зајакнуваше Хамас преку Катар

Изминатата година на Блискиот Исток беше година на незамисливо страдање, соопштија денеска ОН. Денеска се одбележува една година од терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас и други палестински вооружени групи во кој беа убиени повеќе од 1.200 луѓе во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21 часот вечерва до 5 часот утре наутро.

Поранешниот израелски амбасадор во САД, Дени Ајалон, гостувајќи на Скај Њуз, го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за нападите од 7 октомври, тврдејќи дека тој активно го зајакнувал Хамас, пренасочувајќи им пари преку Катар.

4 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Oct 12:35 -> 07-Oct 16:30
.
.
.
.

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

  • МЕПСО НЕ Е ЃУЛ БАВЧА, НИ 1 ДЕНАР НЕМА ДА СЕ ПОТРОШИ ЗА РОЗИ, А КАМОЛИ 15.000 ЕВРА! Набавката ја договорило претходното раководство и нема да се спроведе

Јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок се вели во реакцијата од АД МЕПСО по денешните обвинувања од ДУИ за потрошени 15 илјди евра за цвеќиња.

„Јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок“, реагира компанија, по објавата на ДУИ дека новиот директор Бурим Љатифи потрошил 15.000 евра за набавка на калемени рози.

7 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Oct 15:32 -> 07-Oct 16:06
.
.
.
.

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

  • МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ПОЛЕТО НА ГАСНИОТ СЕКТОР ПОМЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

Испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас, како и во рок од 9 месеци да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу двете држави, предвидува Меморандумот за соработка во полето на гасниот сектор што денеска во Владата го склучија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за рударство и енергетика на Република Србија.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија склучи Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Министерството за рударство и енергетика на Република Србија, во просториите на Владата.

10 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Oct 12:41 -> 07-Oct 14:34
.
.
.
.

Ахмети да се адаптира во опозиција, на ДУИ им требаат реформи, вели Таравари

  • Таравари ја одби понудата од Ахмети – бара ДУИ прво да се реформира, па потоа да разговараат

Неколку пати повторувам дека на господинот Ахмети, пред се, му треба адаптација во опозиција, а потоа му требаат реформи, а за седнување кога сака ќе седнеме, истакна денеска министерот за здравство, Арбен Таравари на прашањето дали ќе одговори на повикот на лидерот на ДУИ, да излезат од Владата и да формираат заедничка коалиција.

Неколку пати повторувам дека на господинот Ахмети, пред се, му треба адаптација во опозиција, а потоа му требаат реформи, а за седнување кога сака ќе седнеме, истакна денеска министерот за здравство, Арбен Таравари на прашањето дали ќе одговори на повикот на лидерот на ДУИ, да излезат од Владата и да формираат заедничка коалиција.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

195 (6) ■ бизнис > економија ■ 05-Oct 11:00 -> 05-Oct 16:36
.
.
.
.

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

  • ПОВОЛНИ КРЕДИТИ ОД ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.