Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на материјални докази продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.
Четворицата обвинети за двојното убиство на Вања и Панче, според доказите на Обвинителството од надзорните камери од дворот на куќата на Велибор Манев се подготвувале за извршување на убиството на Жежовски.
Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет во случајот за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски Основното јавно обвинителство Скопје донело решение дека барањето за изземање на обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска и на шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски е неосновано.
Три дена пред киднапирањето на Вања, на 24.11.2023 имало неуспешен обид за нејзино грабнување, покажуваат снимките разгледани на денешното рочиште за убиството, а беа презентирани како доказ на Обвинителството.