Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека имал „долг и многу продуктивен разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин, за време на кој се согласиле „веднаш“ да започнат мировни преговори во Украина.
Доналд Трамп штотуку објави дека имал „долг и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин , Во објавата на неговата платформа „Truth Social“, американскиот претседател рече дека двајцата разговарале за Украина и Блискиот Исток, како и за вештачката интелигенција.