1 (4) ■ вести > македонија ■ 22-Feb 10:55 -> 22-Feb 11:25
.
.
.

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

По три години, повторно е во функција железничката линија Скопје – Куманово – Скопје, информираа денеска надлежните од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

8 (50) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Feb 07:00 -> 21-Feb 21:32
.
.
.
.

Обвинетите биле во црква еден месец пред убиството на Вања и Панче

  • Судење за убиствата на Вања и Панче: Осомничените се подготвувале за убиствата

  • Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО, судењето продолжи со изведување докази

  • Имало неуспешен обид за грабнување на Вања

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителството , на кои за прв пат се гледаат сите обвинети заедно (освен таткото Александар Ѓорчевски), и тоа во дворот на куќата на Велибор Манев, пред да заминат по Жежовски.

Четворицата обвинети за двојното убиство на Вања и Панче, според доказите на Обвинителството од надзорните камери од дворот на куќата на Велибор Манев се подготвувале за извршување на убиството на Жежовски.

Во Основниот Кривичен суд Скопје, каде денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше одбиено барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо за изземање на обвинителите во неговиот случај, како и на обвинителот Гаврил Бубевски.

На предлог на Обвинителството на денешното рочиште беа изведени шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, каде се наоѓа материјал од безбедносните камери, што ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24-часовен надзор.

9 (70) ■ вести > свет ■ 20-Feb 07:30 -> 22-Feb 09:25
.
.
.
.

Келог: Долги и позитивни разговори со Зеленски, „борбен и храбар лидер“

  • Венс го предупреди Зеленски да не го критикува јавно Трамп

  • Средба Зеленски – Келог: Силни односи Украина – САД ќе бидат од корист за целиот свет

  • Трамп му понуди на Зеленски нов договор за минерали

Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата тридневна посета на Украина.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го критикува јавно претседателот на САД, Доналд Трамп, зашто, како што вели, таквите забелешки се контрапродуктивни и потенцијално би им наштетиле на односите Киев-Вашингтон.

Откажана е планираната прес-конференција на украинскиот претседател Володимир Зеленски и главниот претставник на САД за Украина – Кит Келог.

Администрацијата на Трамп ѝ понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерали, откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот претседател Доналд Трамп со одбивањето на неговата првична понуда, изјавија за Аксиос еден украински функционер, еден американски функционер и тројца извори запознаени со ова прашање.

10 (39) ■ вести > свет ■ 20-Feb 08:12 -> 22-Feb 11:12
.
.
.
.

Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

  • Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

  • Бруталноста на чудовиштата на Хамас нема граници, вели Нетанјаху

  • Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека телото на заложничката Шири Бибас, што утринава беше предадено на Израел, најверојатно по грешка било идентификувано со телата на другите заложници кои загинале под урнатините во Појасот Газа.

Медиумската управа во Газа одговори на тврдењата на израелските власти во врска со грешката во идентификацијата на телото на жената заложничка, која беше вратена во Израел.

Радикалите од движењето Хамас предале непознат труп наместо телото на заложникот Шири Бибас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го нарече „сурово и одвратно кршење на договорот“.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ неколку недели по нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година, во јужен Израел, и чии тела му беа предадени на Израел во четвртокот.

12 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Feb 15:26 -> 22-Feb 08:24
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Нема договор за вработување на 2.000 до 3.000 Албанци

  • ОДОБРЕНИ СЕ ПРВИТЕ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД УНГAРСКИОТ ЗАЕМ Бизнисот бара пониски царини и полесни даночни процедури

  • Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2.000 до 3.000 Албанци во јавната адинистрација.

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем.

Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така.

14 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Feb 12:23 -> 22-Feb 10:55
.
.
.
.

Мицкоски од Вашингтон: Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди

  • Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

  • (Видео) Мицкоски од Вашингтон: Прво завршени преговори, потоа уставни измени

„Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди“.

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

Како нација сме претрпеле премногу понижувања и сме прифатиле многу лоши договори во име на повисоки цели за евроатлантските интеграции, за земјава, не е ниту на почетокот на патот членство во Европската Унија, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на настанот во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Повеќе од
оваа категорија

20 (6) ■ спорт > фудбал ■ 21-Feb 22:05 -> 22-Feb 10:05
.
.
.
.

Луди сцени во Серија А: Украде пенал на соиграчот, даде гол и прослави сам. Потоа беше заменет

  • Луда сцена во Серија А: Го украде пеналот од соиграчите, не ги послуша соиграчите – даде гол и тренерот го замени!

Лоренцо Лукa (24), напаѓачот на Удинезе кој оваа сезона прикажува добри настапи, ја згрози италијанската, но и светската фудбалска јавност со своето однесување на првиот натпревар од 26-то коло на Серија А. Удинезе победи кај Лече со 1:0 благодарение на голот на Лукa од пенал во 32-та минута, но никој освен стрелецот не го прослави.

Лоренцо Лука (24), напаѓачот на Удинезе кој оваа сезона игра така што стана репрезентативец на Италија, ја згрозил италијанската, но и светската фудбалска јавност со своето однесување на првиот натпревар од 26. коло на Серија А. Удинезе го победи Лече 1:0 со гол од пенал во 32. минута, но никој освен стрелецот не го прослави.

54 (11) ■ спорт ■ 20-Feb 22:20 -> 21-Feb 09:32
.
.
.
.

ВИДЕО: Едноставно херој – Интервенцијата на Митревски во последната секунда за победа на Пелистер!

  • Динамо удри во ѕидот на Никуч, Пелистер остана „жив“ во ЛШ!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е херојот на Пелистер во денешната победа од 25-24 против Динамо Букурешт во 12. коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер продолжи со насапите во Лигата на шампионите и се соочи со романски Динамо Букурешт со кого одигра победнички во Битола, во меч кој заврши со резултат 25-24 (12-13). Јунак на средбата беше голманот Никола Митревски, кој го фати последниот напад на Динамо Букурешт и ја заврши средбата со 16 одбрани и воедно ги остави пелистерци во игра за плеј-оф. Распоредот не им оди во прилог на битолчани, ги чекаат мечеви со Фуксе Берлин и ПСЖ, но сонот се уште живее...

Повеќе од
оваа категорија