1 (69) ■ вести > македонија > хроника ■ 12-Mar 07:00 -> 12-Mar 15:32
.
.
.
.

Манев: Палевски го застрела Жежоски, а требаше да биде грабната жена од 38-40 години

  • Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

  • Манев: Ја ископавме дупката, во неа требаше да се чуваат Вања и Панче додека не се исплатат пари

  • „Требаше да се грабне жена на 40 години, па да се однесе и замени со Панче во дупката и да се чува додека не платат пари“, сведочи Манев

Второобвинетиот за убиството на Вања и Панче, Велибор Манев денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје, рече дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче, и дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо.

Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевск Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите.

Велибор Манев, еден од обвинетите за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочи денеска во Кривичниот суд.

3 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 14:02 -> 12-Mar 15:23
.
.
.
.

МИЦКОСКИ: Тие се богателе со стотици милиони евра врз грбот и здравјето на граѓаните, а одлуките на судот за тоа не би ги коментирал

  • Мицкоски: Со набавката на канцероген мазут бил загрозен животот на граѓаните, секој што се огрешил пред законот ќе одговара

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави: -Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот.

Овие луѓе кои правеле стотици милиони евра бизнис практично се богателе на грбот на граѓаните со тоа што користеле такви недозволиви средства би рекол согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот на граѓаните, секој што се огрешил пред законот ќе одговара без разлика за кого станува збор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го случајот со набавка на канцероген мазут.

7 (29) ■ вести > балкан > регион ■ 10-Mar 12:06 -> 12-Mar 13:43
.
.
.
.

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик

  • Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

  • Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска.

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска се очекува да се јави во Обвинителството на БиХ како осомничен за напад на уставниот поредок на државата.

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска не се појави на сослушувањето во Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) во Сараево, кое го сомничи за напад на уставниот поредок на БиХ.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

97 (7) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 18:50 -> 11-Mar 20:23
.
.
.
.

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

  • ДОГОВОРЕНА БРЗА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА Чешки компании ќе вложат милиони во енергетски проекти

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил.

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

172 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 16:51 -> 11-Mar 18:34
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

  • Димитриеска-Кочоска: Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029.

Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

192 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 14:00 -> 11-Mar 14:24
.
.
.
.

Бошков: Со дијалог можеме да постигнеме зголемени плати за сите работници

  • Бошков: Со дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите треба да се дојде до решение за минималната плата

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата, порача претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес – конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација.

Претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес - конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација кажа дека се надева дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата.

275 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.