Синоќа, на 11 јули 2025 година, традиционално со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши 23-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2025.
Завршната вечер ја одбележа и изведбата на претставата „Јелена Савојска” работена потекст на Марија Сарап, во режија на Зоран Ракочевиќ, со актерката Јелена Ѓукиќ од Црна Гора, која воедно ги понесе наградите за најдобра претстава и најдобар драмски текст. Ekran