Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за кого се води истрага за злоупотреба на службената положба.
Оттаму нагласуваат дека осомничениот денеска самиот, доброволно дошол во Судот за да се произнесе по однос на предлогот на ОЈО Скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство – Скопје за одземање на патната исправа и обврска повремено да се јавува во судот за поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, информираат од Судот.
Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик.
Приведен е поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски.