Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025.
Таа годинава реализираше над 45 активности кои беа насочени кон зајакнување на човечкиот капитал во Македонија како основа за развој во сите сфери на општеството и економијата, кон зајакнување на конкурентноста на компаниите и кон поттикнување и поддршка на структурни реформи. Plusinfo