Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало мотоцикл „хамачи“.
17-ГОДИШЕН МОТОРЏИЈА ПОЧИНА НА ПАТ КОН СКОПКИТЕ КЛИНИКИ Тешка сообраќајка во Кичево Фото: Креирана илустрација На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците Борис Кидриќ и Мирко Милески, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „хамачи”, управуван од 17-годишно момче од Кичево.