Хезболах ќе продолжи да се бори до целосна победа, изјави заменик-генералниот секретар на милитантната група од Либан, Наим Касем, . Секоја друга организација би пропаднала, но ние „го сакаме мачеништвото“, рече тој во обраќање до јавноста.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уште еден висок функционер на Хезболах, командантот Набил Каук, бил убиен во синоќешниот воздушен напад врз Бејрут.
Заменик шефот на Хезболах, Наим Касем, во своето прво обраќање откако израелската армија минатата недела го елиминира лидерот Хасан Насрала, изјави дека движењето е подготвено да се спротивстави на израелската копнена инвазија врз Либан.
Заменик-шефот на Хезболах рече дека милитантната група со седиште во Либан е подготвена да ја продолжи својата борба против Израел и е подготвена за долга војна.