Атлетико Мадрид и Реал Мадрид вчера во рамките од осмото коло во Ла Лига одиграа тензичен натпревар кој донесе многу возбудуивања, прекин, изедначување и црвен картон во завршницата.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повика голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа да биде казнет затоа што ги провоцирал домашните навивачи на синоќешното градско дерби.
Атлетико и Реал одиграа долго и тензично дерби кое заврши 1:1 и кое во еден момент беше во прекин, поради разно разни предмети кои летаа кон Тибо Куртоа.