1 (5) ■ спорт > фудбал ■ 26-Apr 12:38 -> 26-Apr 20:16
.
.
.

Вараждин го слави Митровски: Два гола на Македонецот за победа над Локомотива (видео)

  • Мајсторија од слободен удар - Митровски стрела и втор натпревар во низа! (ВИДЕО)

Димитар Митровски одигра меч за паметење за Вараждин, самиот правејќи резултатски пресврт со кој неговиот тим победи со 2-1 против Локомотива Загреб и ја продолжи трката за излез во фудбалска Европа.

Maкедонскиот напаѓач Димитар Митровски и втор натпревар во низа се запишува во листата на стрелци за својот Вараждин.

2 (45) ■ вести > свет > политика ■ 24-Apr 07:20 -> 26-Apr 19:16
.
.
.
.

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

  • Ватикан со апел до посетителите да не го фотографираат ковчегот на папата Франциск

  • ФОТО: Ковчегот на Франциск пристигна во базиликата каде што ќе биде погребан

  • Строг дрескод на погребот на папата Франциск

По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.

Ватикан упати апел до посетителите кои доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ да не го фотографираат ковчегот со телото, наведувајќи дека станува збор за момент на пиетет, а не за „претстава“.

Поворката што го носи ковчегот на папата Франциск пристигна во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе биде погребан поглаварот на Католичката црква.

Погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во Ватикан, ќе биде не само верски туку и глобален дипломатски настан од највисок ранг.

4 (26) ■ вести > свет ■ 26-Apr 11:28 -> 26-Apr 19:55
.
.
.
.

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

  • Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим

  • Трамп го напушти Рим по погребот на папата Франциск и кратката средба со Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски средбата во Ватикан со американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како историска, ако се постигне завршување на војната со Русија.

Портпаролот на украинскиот претседател, портпаролот Сергеј Никифоров изјави дека Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот ќе имаа уште една средба.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушти Рим по завршувањето на погребната церемонија на папата Франциск и кратката средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен. Средбата Трамп-Зеленски во базиликата „Свети Петар“ беше првата средба по нивниот разговор во Белата куќа, кога американскиот претседател се обиде да изврши притисок врз Украина да склучи мировен договор со Русија.

5 (17) ■ вести > македонија ■ 26-Apr 09:18 -> 26-Apr 17:03
.
.
.
.

Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните

  • Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

На националниот портал за електронски услуги – http://uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови - Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – “Денеска имам чест да означам заокружување на еден значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за граѓаните.

8 (60) ■ вести > свет > политика ■ 24-Apr 07:47 -> 26-Apr 20:03
.
.
.
.

ТРАМП ЌЕ ГО „ПЕЕ“ ЗЕЛЕНСКИ НА ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА Шанса за нов почеток или уште една тивка напнатост?

  • Трамп во големо интервју за „Тајм“: Крим останува на Русија, следува економски бум со царините

  • Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим

  • (ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на Трамп на погребот на папата: Спречи гаф

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на церемонијата за погребот на папата утре во Италија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ објавено денеска изјави дека само тој може да донесе мир во Украина и најави економски раст заснован на агресивна трговска политика со високи царини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД за неговиот став дека Киев никогаш не може да ја признае руската контрола на полуостровот Крим.

Меланија Трамп мораше да интервенира и да му помогне на Доналд Трамп да ја надмине непријатната ситуација на погребот на папата Франциск денес, откако американскиот претседател речиси направи дипломатски гаф, објавува „Дејли меил“.

11 (41) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Apr 14:35 -> 26-Apr 15:30
.
.
.
.

Две лица на мотор пристигнале кај Бит Пазар и почнале да пукаат: МВР со детали

  • Почина Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој беше тешко повреден денеска во пукотници на Бит Пазар

  • Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

  • ПРЕСТРЕЛКА НА БИТ-ПАЗАР Две групи пукале меѓу себе, еден е повреден

На 25.04.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје.

Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар.

Алајдин Сулејмани, син на Назми Сулејмани Аруша, поранешен командант на ОНА, е загинатиот во престрелката што се случи вчера попладне зад полициската станица Бит-пазар среде бел ден.

Од МВР потврдија дека денеска околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Војдан Чернодрински на подрачјето на Бит-пазар имало пукање од огнено оружје.

Повеќе од
оваа категорија

22 (22) ■ спорт > фудбал ■ 24-Apr 11:52 -> 26-Apr 11:00
.
.
.
.

Реал со соопштение: Шокантни изјави на судиите, федерацијата мора да реагира….

  • Судијата за утрешното „Ел Класико“ се расплака на прес-конференцијата: Го учам моето дете дека сум чесен човек! (Видео)

  • Реал Мадрид: Не сме ни помислиле да не го играме финалето!

Бурно е во шпанската фудбалска јавност во пресрет на утрешното финале на Копа дел реј што треба да се игра во Севилја, откако судиите отворено се пожалија на притисокот што врз нив го врши Реал Мадрид со прилози на клупската телевизија.

Рикардо Де Бургос Бенгоечеа, главниот судија на финалето на Купот на кралот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, и Пабло Гонзалес Фуертес, задолжен за ВАР, одржаа традиционална прес-конференција пред натпреварот во кој токму судиите ќе бидат во центарот на вниманието.

Реал Мадрид излезе со ново соопштение со кое ги демантира гласините дека размислувале за неиграње на финалето од Купот на Шпанија.

Повеќе од
оваа категорија

77 (7) ■ бизнис > економија ■ 24-Apr 19:05 -> 26-Apr 11:48
.
.
.
.

Божиновска: Новиот закон за енергетика ќе донесе многу придобивки

  • МЕРМС: Состојбата со електричната енергија под постојан надзор

Новиот закон за енергетика, кој го помина првото читање во Парламентот, е документ кој ќе го дефинира енергетскиот сектор на Македонија во идните декади, истакна денес министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Ресорската група за енергетика, при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), информира дека денеска на состанок биле разгледани моменталните состојби со снабдувањето со електрична енергија и тековните активности на главните актери во системот, при што е заклучено дека мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок (за време на празниците), без поголеми нарушувања, а сите капацитети остануваат мобилизирани и за претстојниот период.

105 (6) ■ бизнис > економија ■ 25-Apr 09:20 -> 25-Apr 11:20
.
.
.
.

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

  • ▷ Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ

Силна и независна централна банка е клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност, било истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност Силна и независна централна банка е клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност, било истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

147 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 25-Apr 14:29 -> 25-Apr 15:48
.
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 89,30 евра за мегават час, на МЕМО 91,00 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА Е 91 ЕВРО Цената на берзата HUPX е 89,30 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 25 април просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89,30 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 91,00 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 74,29 евра за мегават час, а на MEMO 73,74евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 25 април просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89,30 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 91,00 евра/mwh.

175 (6) ■ бизнис > македонија ■ 24-Apr 13:53 -> 24-Apr 15:01
.
.
.
.

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од пет до шест милијарди евра

  • Мицкоски најавува економски бум: Инвестиции во здравство, патишта и пруги

Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу пет и шест милијарди евра кои што ќе се случат во Македонија, за изградба на локални, регионални и експресни патишта, клинички центри, како и пруги и ски центри, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.