1 (5) ■ вести > свет ■ 20-Feb 14:31 -> 22-Feb 15:57
.
.

СНЕГОТ ГО ПАРАЛИЗИРА ИСТАНБУЛ: Затворен е бродскиот сообраќај на Босфор, а откажани се и летови

  • Истанбул блокиран поради снег, откажани летови

Снегот го парализира Истанбул.

Поради обилните снежни врнежи кои трет ден ја зафаќаат Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот денеска е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност при турското Министерство за транспорт и инфраструктура.

10 (50) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Feb 07:00 -> 21-Feb 21:32
.
.
.
.

Обвинетите биле во црква еден месец пред убиството на Вања и Панче

  • Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО, судењето продолжи со изведување докази

  • Нови детали: Имало еден неуспешен обид за грабнување и убиство на Вања

  • Како се одвивале подготовките пред убиството на Жежовски и грабнувањето на Ѓорчевска, откриваат камерите од домот на Манев

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителството презентираше снимки, на кои за прв пат се гледаат сите обвинети заедно (освен таткото Александар Ѓорчевски), и тоа во дворот на куќата на Велибор Манев, пред да заминат по Жежовски.

Во Основниот Кривичен суд Скопје, каде денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше одбиено барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо за изземање на обвинителите во неговиот случај, како и на обвинителот Гаврил Бубевски.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на материјални докази продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.

Ноќта пред да биде убиен 74 годишниот Панче Жежовски на 21 ноември 2023 година, четворицата обвинети во случајот, имале средба во домот на Велибор Манев кој живеел на иста улица со жртвата во Велес.

11 (75) ■ вести > свет ■ 20-Feb 07:30 -> 22-Feb 13:33
.
.
.
.

Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

  • Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии

  • Келог: Долги и позитивни разговори со Зеленски, „борбен и храбар лидер“

  • Трамп: Присуството на Зеленски на состаноците не е важно, тој го отежнува договорот

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс одговори на тврдењата дека ставот на администрацијата на Трамп кон Русија е смирувачки.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија има „предност“ во какви било мировни преговори за Украина, бидејќи „зазеде голема територија“.

Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата тридневна посета на Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не мисли дека е важно украинскиот лидер Володимир Зеленски да присуствува на преговорите за војната во Украина.

Повеќе од
оваа категорија

29 (25) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 20-Feb 07:55 -> 21-Feb 16:41
.
.
.
.

Познат распоредот во ЛШ - три дербија уште во осминафинале!

  • Спектакуларни дуели во осминафиналето на Лигата на шампионите

  • Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ

Новиот формат на Лигата на шампиони (ЛШ) донесе поголеми возбудувања, а денеска во Нион на ждребка ќе биде одреден патот до финалето, кое е закажано на 31 мај во Минхен.

Денеска во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а формиран е и „костурот“ на ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето, што значи дека сега секој од преостанатите 16 клубови го знае патот до финалето кое ќе се игра на 31 мај во Минхен.

Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони ќе се одржи утре од 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион.

74 (11) ■ спорт ■ 20-Feb 22:20 -> 21-Feb 09:32
.
.
.
.

ВИДЕО: Едноставно херој – Интервенцијата на Митревски во последната секунда за победа на Пелистер!

  • Динамо удри во ѕидот на Никуч, Пелистер остана „жив“ во ЛШ!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е херојот на Пелистер во денешната победа од 25-24 против Динамо Букурешт во 12. коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер продолжи со насапите во Лигата на шампионите и се соочи со романски Динамо Букурешт со кого одигра победнички во Битола, во меч кој заврши со резултат 25-24 (12-13). Јунак на средбата беше голманот Никола Митревски, кој го фати последниот напад на Динамо Букурешт и ја заврши средбата со 16 одбрани и воедно ги остави пелистерци во игра за плеј-оф. Распоредот не им оди во прилог на битолчани, ги чекаат мечеви со Фуксе Берлин и ПСЖ, но сонот се уште живее...

Повеќе од
оваа категорија