Фудбалерите на Удинезе се радуваа на гостувањето кај Лече со 0-1 (0-1) во првиот натпревар од 26. коло на италијанската Серија А. Натпреварот на „Виа дел Маре“ го одбележа една неверојатна сцена поврзана со победоносниот гол на Лоренцо Лука.
Лоренцо Лукa (24), напаѓачот на Удинезе кој оваа сезона прикажува добри настапи, ја згрози италијанската, но и светската фудбалска јавност со своето однесување на првиот натпревар од 26-то коло на Серија А. Удинезе победи кај Лече со 1:0 благодарение на голот на Лукa од пенал во 32-та минута, но никој освен стрелецот не го прослави.