Израелски трупи ги уапсија активистите од едрилицата „Медлин“ кои тргнаа да достават помош во Појасот Газа, а активистите, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, ќе бидат испратени дома, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Израелските сили ја презедоа командата врз хуманитарен брод кој се обиде да ја пробие поморската блокада на Појасот Газа, а бродот со екипаж од 12 лица, вклучувајќи ја и активистката Грета Тунберг, сега се упатува кон пристаниште во Израел.Бродот „Мадлин“ под британско знаме, управуван од пропалестинската коалиција на флотилата за слобода (FFC), имаше за цел да достави симболична количина помош во Газа во понеделник и да ја подигне меѓународната свест за хуманитарната криза во областа.Сепак, бродот бил качен и ставен под израелска команда во текот на ноќта пред да може да стигне до брегот, соопшти FFC на својот профил на Телеграм.
Израелската војска го пресретна хуманитарниот брод „Мадлин“ кој превезуваше храна, адаптирано млеко и медицинска помош за Појасот Газа.
Хуманитарен брод со 12 патници, меѓу кои и шведската активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг, стигна до египетскиот брег и се приближува кон воено разурнатиот и опседнат од Израел Појас Газа, соопштија денес организаторите.